Бесими: Не е реално да се очекува нов тендер за Чебрен пред избори

Од:

Не е реално да се очекува нов тендер за ПАХЕ Чебрен пред избори, ниту пак да се очекува инвеститорите да реагираат ако немаат почиста ситуација во земјата, истакна министерот Фатмир Бесими на брифингот пред новинарите.

Чебрен пропадна по 14-ти пат откако грчката „Архидорон“ не ја продолжи банкарската гаранција после 1 јануари и не потпиша договор за заедничко вложување со Владата.

Ова оди во прилог на дел од експертската јавност која преку јавни дебати докажуваше дека Македонија може сама да го изгради овој капитален проект.

Бесими рече дека во однос на дебатата дали Чебрен да се гради со сопствени средства или да се повтори процесот со доделување концесија на странски инвеститор, има аргументи за и против за двете ситуации.

Во однос на дилемите во јавноста дека ќе се изгуби енергетската самостојност, Бесими рече дека националниот интерес е јасно определен во Уставот и во законите и дека не треба да стравуваме од странски инвеститори.

„Во нашите закони е јасно што е национален интерес. Битно е да се реализира тој проект. Пред 20 години и денес енергетиката е различна од геостратегиски интерес, а за 20 години ќе биде уште поразлична имајќи ги предвид технолошките промени“, додаде Бесими.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Мицкоски излажа за Чебрен и продолжува со приватните интереси

Мицкоски на средба со Гренел: САД би можел да инвестира во „Чебрен“

Лосос, фаширана шницла и тулумби за Армијата: Министерството ќе плати шест милиони евра за ручеци

A1on

Фирма за облека основана на 31 јануари доби тендер од Општина Охрид за набавка на цвеќиња

Александар Тодески

Општини за еднодневен престој на куче во прифатилиште плаќале за 244 отсто повеќе од просечната цена

A1on

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава