Бесими – Матуела-Худолин: Дизајнирањето на макроекономските политики и поддршката за стопанството клучни за забрзан раст

Од:

Дизајнирањето на макроекономските политики, јавните финансии, структурните реформи, како и поддршката што ја дава Владата на стопанството за справување со пандемијата, како и зелената и дигиталната трансформација, беше тема на дискусија меѓу министерот за финансии Фатмир Бесими, директорот на Директоратот за проширување и соседска политика, Мишела Матуела и раководителот за соработка во Делегацијата на ЕУ, Штефан Худолин.

-РС Македонија е посветена на остварување економски раст и опоравување од пандемијата, со фокус на остварување подобар раст што би значело – зелен, дигитален, паметен, забрзан, инклузивен и одржлив раст. Планот за финансирање забрзан раст на којшто работиме има за цел да овозможи забрзан одржлив раст притоа одржувајќи финансиска стабилност преку мобилизирање капитал од приватниот сектор како дополнување на средствата од Буџетот, потенцира министерот.

На состанокот се дискутираше и за Законот за буџети, за реформата за унапредување на фискалната децентрализација којшто се подготвува во рамки на Министерството за финансии, како и за реализацијата на проектите што се финансирани од инструментот ИПА.

Во однос на преземените мерки за справување со пандемијата, Бесими истакна дека се имплементирани 6 пакети во вкупен износ од 1 милијарда и 180 милиони евра.

-РС Македонија се водеше од пристапот „сѐ што е потребно“ – првично, финансирањето беше предизвик, но подоцна ни беа доделени меѓународни средства. Во 2021 година, беа имплементирани 2 дополнителни пакета во вкупен износ од околу 180 милиони евра, во кои беа вклучени не само интервентни мерки, туку и мерки за поддршка на закрепнувањето и растот, со потаргетиран пристап, воедно фокусирајќи се и на компаниите со добри перформанси со цел поддршка на инвестициите. Во моментов, сите показатели (раст на БДП, буџетски приходи, трговска размена, итн.) укажуваат на заздравување на економијата“, потенцира Бесими.

Притоа тој нагласи дека и понатаму внимателно се следат случувањата.

-Свесни за предизвиците, продолжуваме со поддршка преку потаргетирани мерки, што се поориентирани кон пазарот, притоа фокусирајќи се на фискалната консолидација на среден рок. Политиките на РС Македонија ги следат овие насоки, рече Бесими.

Би можело да ве интересира

Бесими: Не е реално да се очекува нов тендер за Чебрен пред избори

A1on

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии

Бесими: 50 милиони евра дополнителен капитал за домашните компании за поддршка на зелени инвестиции

Средба Бесими – Басани: Нотирани постигнувањата на земјава резултат на 30-годишното партнерство со СБ

Бесими: Со прераспределбата се обезбедува гарантирана исплата на зголемените плати, пензии и поддршка на стопанството