Бесими: Издвоивме најмногу средства за мерки како процент од БДП во регионот, во борбата со енергетската и ценовната криза

Од:

Од почетокот на енергетската и ценовната криза, нашата Влада имаше најсилен фискален одговор во регионот, дури за неколку пати посилен во однос на останатите земји од Западен Балкан, што беше нотирано и од Светска банка. Но, борбата против кризата не се само мерките, таа се води на повеќе нивоа. Покрај пакетите антикризни мерки, се преземаат мерки за финансиска одржливост и задржување на стабилноста, како и реформи во јавните финансии кои ќе придонесат за подобар систем на јавни финансии, кој ќе го забрза растот по кризата, пишува во својата најнова колумна министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Тој посочува дека преку владините политики мора да се баласнира, од една страна да се зачува економската активност во позитивната зона, како и социјалната стабилност, а од друга страна да се зачува макроекономската стабилност, од аспект на долгот и инфлацијата.

„Нашата борба против кризата се состои од три компоненти. Прво, тековно справување со кризата и заштита на најранливите категории на граѓани и фирми. Второ, обезбедување на фискална одржливост и со тоа задржување на макроекономската стабилност. Трето, напоредно спроведување на реформи и поставување на нов и подобар систем на јавни финансии, кој по заздравување на економијата ќе придонесе кон забрзан економски раст“, посочува Бесими.

Министерот за финансии истакнува дека на почетокот на кризата за да се успори прелевањето на инфлаторните притисоци се преземал пакет на мерки од 400 милиони евра, кои потоа биле надополнети со мерки во ребаласнот на буџетот и како трет сет на мерки е најновиот пакет од 360 милиони евра, кој беше презенетиран пред неколку дена.

„Од почетокот на енергетската и ценовната криза, нашата Влада даде најенергичен одговор во регионот на Западен Балкан, кој согласно проценките на Групацијата на Светска банка изнесува околу 5% од БДП. Станува збор за поддршка во вид на субвенции, социјална заштита, даночни ослободувања и поддршка на домашните енергетски компании. За споредба, кај Србија таа изнесува 2,5% од БДП, Косово со околу 2,1%, Албанија 1,4%, Босна и Херцеговина 0,5% и Црна Гора 0,1%.“, пишува Бесими.

Покрај антикризните мерки, во насока на фискална одржливост, Владата донесе и план со кој ќе се намалат трошоците на буџетските корисници, а воедно и ќе се подобри наплатата на приходи во буџетот.

„Во рамки на планот е содржана консолидација на трошоците за плати преку рационализација и оптимизација на вработените во јавниот сектор врз основа на функционалната анализа, како и реорганизација на начинот на извршување на работните обврски во зависност од нивната природа и воспоставување работа од дома, до 30% од вработените, со нивно ротирање, без да се наруши редовното функционирање на институцијата. Понатаму, предвидена е консолидација на расходите за стоки и услуги, преку штедење на режиски и патни трошоци и канцелариски материјали. Едновремено ќе продолжи да се работи на подобрување на наплатата на давачките преку понатамошно унапредување на даночната регулатива во насока на оптимизација на даночниот систем, како и зајакнување на капацитетите за прибирање на јавните приходи и за забрзана наплата на приходите од даночните и царинските должници.“, пишува министерот за финансии.

Би можело да ве интересира

Бесими: Не е реално да се очекува нов тендер за Чебрен пред избори

A1on

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии

Бесими: 50 милиони евра дополнителен капитал за домашните компании за поддршка на зелени инвестиции

Средба Бесими – Басани: Нотирани постигнувањата на земјава резултат на 30-годишното партнерство со СБ

Бесими: Со прераспределбата се обезбедува гарантирана исплата на зголемените плати, пензии и поддршка на стопанството