Бесими: Дефицитот во Буџетот се капитални инвестиции, поддршката за справување со енергетската криза и отплата на камати

Од:

Буџетот за 2023 одина е реалност и ја зема предвид актуелната состојба под влијание на енергетската и ценовната криза, ги зема предвид напорите за заздравување и забрзување на економскиот раст, како и потребата од сервисирање на преземените обврски и каматите. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во расправата на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

„Кога дискутираме за буџетот треба да ја земеме предвид реалноста. Во буџетот нема нов дефицит. Тоа се 250 милиони евра за мерки, кои доколку ја немаше кризата ќе беше дефицитот понизок за таа сума. Ако не мислиме на развој немаше да има 250 милиони евра за Коридорот 8 и да не беа каматите од акумулирани долговри од 210 милиони евра, дефицит немаше да има“, рече министерот Бесими и додаде дека овој буџет е во согласност со златното правило во јавните финансии, односно капиталните инвестиции се планирани на повисоко ниво од дефицитот.

Според министерот она што е за истакнување и по што се разликува овој дефицит од претходно е што тој е понизок од капиталните инвестиции.

„Капиталните инвестиции се планирани на ниво од 48,9 милијарди денари. Планираното ниво на капитални расходи за 2023 година учествува со 5,3% од БДП и тие се за 52,3% повисоки во однос на планот за 2022 година. Наменети се за интензивирање на реализацијата на инфраструктурните проекти, односно за инвестициски вложувања во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството, рече министерот Бесими и додаде дека значајни средства од 15 милијарди денари се за Коридорот 8, патни делници Тетово – Гостивар, изградба на нов автопат Требеништа – Струга – Ќафасан, изградба на делница Гостивар-Букојчани и Коридорот 10 д, делницата Прилеп – Битола.

Министерот посочи дека друг аспект е начинот на кој се обезбедуваат средствата и дека е важна стратегијата што се применува.

„Сите антиркизни мерки дадени за поддршка на граѓаните и стопанството за да се ублажи влијанието од енергетската и ценовната криза требаше да се обезбедат. Прашањето е дали требаше со повисоки даноци, со повеќе кратење или скапо задолжување. Ние се определивме да примениме кратења, што беше направено со Ребалансот, како и со финансирање со инструменти кои беа поевтини од оние на класичните финансиски пазари“, рече министерот.

Тој додаде дека со буџетот во 2023 година се обезбедува редовно сервисирање на обврските кои произлегуваат од политиките и мерките што се предвидени во овој документ, како и за отплата на долгот.

“Управувањето со јавните финансии е особен предизвик во услови на турбулентно економско окружување во Европа, но остануваме на планираната фискална консолидација, на подобрување на управувањето со јавните финансии, како и редизајнирање на нивната структура“, потенцира министерот за финансии.

Расправата по Предлог-буџетот во Комисијата за финансирање и буџет согласно Деловникот на Собранието трае најмногу 10 дена. На предложениот текст од пратениците се поднесени 263 амандмани.

Би можело да ве интересира

Бесими: Не е реално да се очекува нов тендер за Чебрен пред избори

A1on

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии

Бесими: 50 милиони евра дополнителен капитал за домашните компании за поддршка на зелени инвестиции

Средба Бесими – Басани: Нотирани постигнувањата на земјава резултат на 30-годишното партнерство со СБ

Бесими: Со прераспределбата се обезбедува гарантирана исплата на зголемените плати, пензии и поддршка на стопанството