Бесими: 50 милиони евра дополнителен капитал за домашните компании за поддршка на зелени инвестиции

Од:

Владата и Министерството за финансии овозможија пристап до нов дополнителен капитал од 50 милиони евра за домашните мали и средни претпријатија за своите инвестиции. Средствата ќе се пласираат преку Развојната банка на Северна Македонија, а до крајните корисници ќе бидат достапни преку деловните банки во земјата.

Средствата се обезбедени преку Француската развојна банка, со која денеска беа потпишани договори од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими и главниот извршен директор на Развојната банка на Северна Македонија, Кире Наумов.

Како што информира Министерството за финансии, Договорот од страна на Француската развојна банка го потпиша Матје Васер, директор за Европа и Азија во Агенцијата.

– Со договорите што ги потпишуваме, Владата и Министерството за финансии овозможуваат пристап до нови свежи пари за домашните компании во износ од 50 милиони евра наменети за зелени и општествено одговорни инвестиции. На овој начин ја прикажуваме грижата за поддршка на компаниите со поволни средства на нивната ликвидност и поддршка на нивните инвестиции преку средства по поволни услови, рече министерот Бесими.

Корисници, како што наведе, се малите и средните претпријатија, кои се и најбројни во земјава и со најголем број од вработените.

– Средствата од Агенцијата се доделуваат на Развојната банка на Северна Македонија која пак ќе ја пласира оваа кредитна линија преку деловните банки до крајните корисници, односно компаниите, рече министерот по потпишување на договорите.

Бесими додаде дека ова е надополнување на поддршката што ја добиваат компаниите во континуитет и дека тие имаат сигурен партнер во Владата.

– Македонските домашни компании, особено малите и средините претпријатија имаат сигурен партнер во Владата и тоа се покажа и за време на кризата кои добија значајна поддршка преку донесените пакети антикризни мерки. Во тек е имплементација на 9-от пакет антикризни мерки во кој позначајна е поддршката токму за овие компании во износ од близу 500 милиони евра, рече Бесими.

Би можело да ве интересира

Бесими: Не е реално да се очекува нов тендер за Чебрен пред избори

A1on

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии

Средба Бесими – Басани: Нотирани постигнувањата на земјава резултат на 30-годишното партнерство со СБ

Бесими: Со прераспределбата се обезбедува гарантирана исплата на зголемените плати, пензии и поддршка на стопанството

Бесими на средби во ЦЕБ: Преговараме за нови 50 милиони евра поддршка за мали и средни претпријатија