Бензинот од понеделник повторно поскапува?

Од:

Дали во понеделник, кога вообичаено заседава регулаторната комисија за енергетика, повторно и колку ќе се удри по џебот на граѓаните. Дека ќе има покажување на цените на бензините е веќе извесно, иако од Регулаторна молчат, бидејќи цената на суровата нафта на светските берзи го надмина нивото од 114 долари за барел.

Цената на литар безоловен бензин во Франција и во Италија ја помина психолошката граница од 2 евра.

Но француската влада реагираше експресно, времено ги намали акцизите на бензинот и на дизелот , за да може да се намалат и цените на бензините во малопродажба.

Во Германија литар бензин е едно евро и 76 центи, но и таму се очекува да надмине две евра.

Оваа мерка, опозицијата ја бара и од владата на Македонија, но засега без ефект. Премиерот Никола Груевски вчера изјави дека Владата ниту ја одредува цената на бензинот, ниту цената на струјата, ниту на парното, и дека не се среќни поради поскапувањата, но не се изјасни и за можноста да се откажат од акцизите.

Покачувањето на цената на бензините ќе предизвика нов ценовен шок и зголемување на цената на сите животни продукти.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Горан Наумовски

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Поевтинува дизелот, цените на бензините не се менуваат

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Нови цени на горивата