Бектеши: Одлуката за раскинување на концесиите за „Иловица Штука“ е соодветна

Од:

Министерството за економија постапи согласно законите за минерални сурвини и за јавно-приватно партнерство, во моментот кога и предложи на Владата да се раскинат концесиите за „Иловица Штука“, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Ние уште не сме добиле писмо од Управниот суд. Тие имаат забелешки во постапката на Второстепената комисија која постапува согласно жалбите. Во моментот кога формално ќе го добиеме писмото секако дека ќе се жалиме на одлуката, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Тој им препорача на Комисијата и на Второстепената комисија да ги искористат сите можности за да се жалат, бидејќи, како што рече, сигурен е дека донеле соодветна одлука кога предложиле да се раскине концесијата со Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје. за рудникот „Иловица Штука“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО ) „Еуромакс ресоурцес“ со последна опомена до власта да го почитува законот, пред да почнат арбитража тешка милијарди евра

A1on

Еуромакс Ресоурцес: За да доставиме ревидирана Студија за влијание врз животната средина неопходно е да се донесе одлука за спојување на концесиите

А1он

СДСМ: Пред да глуми загриженост, Мицкоски нека го праша својот потпретседател за Иловица

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги лаже граѓаните за рудникот Иловица, откако влезе Дестани во бизнисот оваа влада го оживеа проектот

Дали и министри ќе одговараат? Концесионерот на рудникот Иловица – Штука освен арбитража најавува директни правни постапки и против индивидуални лица

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: За Иловица треба да одговори ДПМНЕ, концесиите се дадени од Груевски