Бектеши нема да преговара со Грција, за граѓаните да останат дома за летување, туроператорите гневни

Од:

Туристичкиот сектор е крајно револтиран по изјавата на Министерот за економија, Крешник Бектеши кој денеска рече дека македонската влада нема да преговара билатерално со грчката влада, по примерот на српската, бидејќи Македонија не сака да ги загуби домашните туристи за летната сезона.

„Што се однесува до преговорите со Грција, ние директно не преговараме со грчката влада, имајќи предвид дека интерес на секоја држава е да поттикне што повеќе туристи кај себе, односно во Македонија, како што е целта на Министерството за економија и за тоа ќе продолжиме да спроведуваме мерки за поттикнување на странските туристи, но и нашите домашни туристи да ги посетат нашите туристички дестинации, рече министерот во одговор на новинарско прашање,“ изјави денеска министерот Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање.

Еве ја во целост реакцијата од туроператорите:

„Дали министерот има некакво решение за ваучерите кои не се реализираа поради COVID 19? Туристичките агенции сите ваучери ги доставија до Министерство за Економија. Најголемиот дел од тие ваучери се за нереализирани аранжмани за лето 2020 во Грција. Сакале или не сакале, парите на агенциите и граѓаните се во Грција, па токму поради тоа државните институции, а посебно Министерство за економија треба да помогне за истите да се реализираат, а не категорично да одбиваат преговори и соработка со Грција за решавање на ова витално прашање за опстанок на туристичките агенции.

Министерство за економија располага со информацијата која е вкупната сума која е потребна да се обештетат граѓаните за нереализираните патувања за Грција, па доколку не се во можност да ги реализираат истите ова лето агенциите очекуваат МЕ да го реши обој проблем.

Нормално дека е важно да има туристи и во Македонија, но нашите капацитети не се толку големи,а исто така треба да се работи и на привлекување странски туристи, со што ќе се компензира бројот на наши граѓани што би патувале во странство. Со ова ќе се помогне и на агенциите што работат рециптивен и емитивен туризам.

Ситуацијата е многу загрижувачка, со немање стратегија за масовна вакцинација во државата, тоа се одразува најмногу на здравјето на граѓаните, а потоа на економијата, особено на нашиот сектор. Навистина се прашуваме како државата планира да има развој на домашен туризам, кога никој во државава не е вакциниран?! Па така може веднаш да заклучиме дека со ваквата ситуација нема да имаме ни странски туристи, а и нашите домашни туристи ќе бидат во дилема дали воопшто да пропатуваат па макар и по нашата држава!

Бараме под итно стратегија која ќе го реши проблемот со неискористените ваучери, ќе преговара со сите релевантни фактори во странските држави, особено со Грција, за која дестинација најповеќе се заглавени нашите средства, за можност за патување со негативен ПЦР тест, тест за антитела, антигени, било кој начин но да се има избор. Граѓаните да имаат избор, а не да бидат оставени да чекаат до 31.12 што ќе се случува со ваучерите.
Друга дополнителна трагедија за нашиот сектор е доцнењето на донесување на одлуката за помош со плати, која е најпотребна во периодов. Втората плата требаше да се исплати а се уште не е добиена за февруари, а и март помина. Овој сектор е сеуште со пад на промет над 90%, се размислува ли за помош и решавање на овој проблем или само ќе се одолговлекуваат проблемите?!

Доколку не се решат овие проблеми во најбрз рок, овој сектор повторно ќе излезе на протести!,“ се вели во соопштението од туристичките агенци.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

A1on