Бектеши, Матиќ и Кумбаро договорија развој на Вински патишта во Отворен Балкан

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши, министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија Татјана Матиќ и министерката за животна средина и туризам на Република Албанија Мирела Кумбаро денеска во Белград, Србија, во рамки на Иницијативата Отворен Балкан, потпишаа Заедничка изјава за реализација на проект Вински патишта на Отворен Балкан со која ќе работат на зголемување на туристичкѕа понуда во винската индустрија.

На средбата беше договорено да се развие проектот „Вински патишта на Отворен Балкан“, кој ќе ги опфати:винските патишта на Република Северна Македонија, Република Албанија и Република Србија; Вински оази (посебни винарски визби кои не се наоѓаат на винските патишта); како и развој на туристичка сообраќајна
сигнализација и дигитална платформа која ќе содржи податоци за сите точки на интерес вклучувајќи ги и податоците за геолокација.

Проектот „Вински патишта и вински оази“ ќе се развива во согласност со законските регулативи и стандарди на ЕУ. Во овој проект ќе бидат претставени винарии, винарски визби, здруженија на винари и лозари, тематски музеи, продавници за вино и вински центри.

Бектеши, Матиќ и Кумбаро се договорија да одржуваат континуирана комуникација и размена на информации во врска со спроведувањето на проектот „Отворени балкански летни рути“.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

Почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан

Горан Наумовски

За првпат ќе се утврдува производствена цена за килограм винско грозје, предлог-законот за вино помина во прво читање на Комисијата за европски прашања

МЗШВ: Владата ги усвои програмите за поддршка на малите производители на храна и малите производители на вино за 2024 година

Потпишани Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан