Бавен откупот на преспанското јаболко, производителите бараат продолжување на субвенциите

Од:

Откупот на преспанското јаболко тече многу бавно, јаболко производителите бараат владината мерка од три денари по килограм продадено индустриско јаболко, да продолжи до 30 јуни идната година.

Претседателот на Здружението на овоштари Љубен Пампулевски во изјава за МИА посочи дека околу 40 проценти од индустриските јаболка останале недособрани, а голем дел од собраните стоеле поради немање откуп. Откупната цена е два денари по килограм и три денари субвенции од државата, која важи за продадени индустриски јаболка до денеска.

-Целиот откуп беше тргни застани. Одеше многу бавно, со огромни застои. Сè уште има индустриски јаболка собрани во вреќи натоварени во приколки и чекаат да бидат предадени. Нема капацитети да ги примаат и преработат за краток временски период, бидејќи се работи за големи количини. Добар дел од овоштарите не успеаја да го дособерат и продадат индустриското јаболко, вели Пампулевски.

Доколку не дојде до продолжување на рокот за државните субвенции јаболкопроизводителите стравуваат за намалување на и онака ниската откупна цена на трпезното јаболко, кое се продава за осум до 10 денари за сортата ајдарет и 10 до 12 денари за црвен и златен делишес и муцот, по килограм за екстра класа.

-Актуелната цена не ги исполнува очекувањата кај овоштарите, не ги покрива ниту основните трошоци. Сведоци бевме на временски неприлики, кои ја зафатија Преспа, што придонесе и поголем дел од производството за заврши како индустриско. А немањето откуп на трпезното јаболко дополнително ќе ја зголеми количината на индустриско во март и април, смета Пампулевски.

Освен на домашниот пазар преспанското јаболко во минимални количини го има во Украјна, Србија и Бугарија, а не се исполнија најавите за пласман во Египет.

-Интересот за откуп и на трпезното јаболко е минимален. Од собрани 65 до 70.000 тони трпезно јаболко досега продадени се максимум 10 до 15.000 тони, а остануваат околу 50.000 тони, од кои добар дел ќе завршат како индустриско, стравува Пампулевски.

Овоштарите очекуваат што побрзо изнаоѓање решение на проблемот, а денеска треба да имаат средба на која ќе донесат заклучоци за натамошно делување. Продолжувањето на рокот на мерката од три денари по килограм субвенции сметаат дека ќе ја задржи актуелната цена, во спротивно очекуваат нејзино намалување. Вакво барање имаа во 2018 година, кое беше прифатено до Владата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

A1on

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи