Банкарите очекуваат зголемување на кредитирањето на фирмите

Од:

Банкарите очекуваат во наредниот период да се зголеми кредитирањето на компаниите, со оглед на најавите за поголема економска активност. Глигор Бишев, претседател на УО на Шпаркасе банка вели дека кредитниот раст оди заедно со економскиот раст.

– Со обновување на економската активност во Република Македонија, ќе се забрза и кредитната активност, изјави Бишев на денешната прес-конфернеција во Шпаркасе банка на која промовираше нови производи кои на клиентите ќе им овозможат да можат да подигаат средства од банкоматите на банките членки на Штаермеркише Шпаркасе и Ерсте Групацијата во 10 земји во регионот.

Економијата во првите два кваратала од годинава има просечен раст од 3,4 проценти. И Владата и Народната банка очекуваат поголем раст од проектираниот и тој да биде над три отсто.

Во август, податоците на НБРМ покажуваат дека има стагнација на кредитната активност, при што има пад на кредитирањето на корпоративниот сектор, а раст и поддршка на населението.

Шпаркасе банка, како што соопшти на денешната прес-конференција, разгледува нов модел за кредитирање кој ќе ги опфати приходите на сите членови од потесното семјество на барателот на кредитот.

Би можело да ве интересира

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

Орце Костов

Кредитите кај нас нема наскоро да поевтинат: Има само тренд на привремено стабилизирање на поскапувања, сметаат од НБРМ

Орце Костов

Во септември годишен раст од 8,9% на вкупните депозити и 5,8% на кредитите

Tigo Multi – Осигурете си финансиска сигурност со -50% попуст на каматата!

Предраг Петровиќ

Народна банка: Просечните камати на депозитите во јули 1,50%, на кредитите 5,49%

Орце Костов