Банка на Америка договори да плати 17 милијарди долари за да избегне истрага за сомнителни продажби на хартии од вредност

Од:

Една од најголемите американски банки, Банка на Америка постигна договор според кој ќе плати 17 милијарди долари за да се разреши од истрага за нејзината улога во продажбата на сомнителни хартии од вредност пред избивањето на финансиската криза во 2008 година.

Еден од официјалните лица запознати со случајот, изјави за американски медиуми дека банката ќе плати 10 милијарди долари во готовина и ќе обезбеди олеснувања за клиенти во вредност од седум милијарди долари.

Тој договор е најголем во врска со економскиот крах во кој милиони Американци ги загубија своите домови.

Претходно, договори се постигнати со Ситигруп – 7 миллијарди и со Џеј Пи Морган од 13 милијарди долари. Тужител беше американската Комисија за хартии од вредност и Министерството за правда.

Според договорот, Банката треба да признае дека лошо работела со хартии со вредност кои обезбедувале хипотеки на имот издавани од неа и од Кантривајд фајненшал и Мерил Линч. Тие две компании Банка на Америка ги купи кога беа на раб на пропаст во 2008 година и тие се одговорни за голем дел од спорните заеми.

Според договорот, финансиска помош ќе им биде упатена на дел од сопствениците на куќи чии хипотеки на банката се претвориле во хартии од вредност и потоа биле продавани на инвеститори. Тие хартии од вредност опфаќале хипотекарни кредити давани на луѓе кои не можеле да ги вратат, но биле претставувани како сигурни инвестиции се додека не се урна пазарот за недвижности и со тоа инвестотори загубија милијарди долари.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски