„Балкан Петролеум“ не може да го преземе „Макпетрол“, објави Комисијата за хартии од вредност

Од:

Офшор-фирмата „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“ регистрирана во Лондон, а основана од друга фирма од Кипар, и официјално нема да добие дозвола за понуда за преземање на нафетниот гигант „Макпетрол“, објавено е во 10 број на „Службен весник“.

„На „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“, не му се издава дозвола за давање понуда за преземање на Макпетрол АД Скопје“, пишува во објавата во весникот, потпишана од Елизабета Чингаровска.

„Балакан Петролеум Холдинг Лимитед“ е фирма од Кипар, регистрирана на 28 мај 2016 година во Лондон со двајца вработени и основачки влог од 1.000 евра. Основач на оваа фирма е фирмата „Даволија“ од Кипар, регистрирана исто така во мај 2016 година, со двајца вработени.

Фирмата објави оглас за преземање на акциите на „Макпетрол“. Од Македонската берза тогаш информираа дека документацијата на понудата е некомплетна. Потписници на понудата за преземање, која беше испратена и во архивата на „Макпетрол“, беа директорот Васили Евдокимов и ополномоштеното лице Петар Стојановски.

В. М.

Би можело да ве интересира

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

Уплатата и испораката на екстра лесно масло за домаќинства EL-1 од „Макпетрол“ почнува на 16 октомври