Балкан Петролеум Холдинг Лимитед ја предаде документацијата за дозвола во Комисијата за Хартии од вредност

Од:

Компанијата Балкан Петролеум Холдинг Лимитед, во понеделникот, официјално го поднела барањето за издавање на дозвола за понуда за преземање на Макпетрол врз основа на законот за преземање на акционерски друштва до Комисијата за хартии од вредност на Р. Македонија.

Меѓу документацијата со барањето е испратена и понуда за преземање, проспект за преземање како и останата документација согласно законот, која ќе послужи за верификација на податоците во процесот.

Според член 31 од законот за преземање на акционерски друштва, Комисијата за хартии од вредност во рок од 10 работни дена од денот на поднесување на комплетната документација ќе треба да се произнесе со својот став во врска со дозволата.

Само за потсетување, компанијата Балкан Петролеум Холдинг Лимитед, на 09.06.2016 објави намера за преземање на Макпетрол АД Скопје и со таквиот чекор ја започна процедударата за преземање на истоимената компанија, соопштуваат од Балкан Петролеум Холдинг Лимитед.

Би можело да ве интересира

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство