Бакрачески: „Сахарјан Македонија“ ќе ги запази сите законски и еколошки норми

Од:

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески изрази задоволство од подготвеноста на компанијата „Аткинс“, како главен проектанат на луксузниот хотелски комплекс „Сахарјан Македонија“ што се најавува дека ќе се гради на Охридското Езеро кај Свети Наум, да се прифатат сите забелешки и критериуми што од нив ќе ги побараат македонските власти.

– По тој аспект можам само да упатам смирувачки тон до сите загрижени граѓани на Охрид и оние скептици кои сметаат дека што било ќе се гради спротивно стандардите. Во никој случај, ниту  државните институции тоа ќе го дозовлат, ниту јас како градоначалник ќе се согласам со изградба на нешто што по која било основа ќе отстапува од строгите законски и еколошки норми, рече Бакрачески.

По однос информациите објавени во медиумите дека Македонската православна црква, која е сопственик на поголемиот дел од земјиштето кај Свети Наум каде е предвидена изградбата на комплексот дека се спротивставува на изградба на какви било објекти од тој вид на вакафско земјиште, Бакрачеки рече дека досега не чул за противењето на Црквата, ниту од него досега била побарана официјална средба за разговори по тоа прашање.

– Она што можам да го кажам е дека пред две седмици во Министерството за транспорт и врски се одржа средба во широк состав, со присутни претставници на сите релевантни институции засегнати со изградбата на комплексот, од инвеститорот, преку проектантското студио „Аткинс“, до министерствата за транспорт и врски, за култура, за заштита на животната средина, на Хидробиолошкиот завод од Охрид и Националниот парк „Галичица“. Она што можам да го потврдам е дека кај инвеститорот и кај надлежните институции постои подготвеност да се реализира таа инвестиција, додаде градоначалникот на Охрид.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд

Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа

За германските компании бизнис климата во земјава е добра, благ пад на планираните инвестиции

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

Орце Костов

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов