Азески: Земјоделството и туризмот – надеж за постоковид-развој

Од:

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески денеска повторно јавно го искажа својот став – дека за справување со корона кризата се неопходни конкретни решенија, а не дебати и расправии „истресени од ракав“. Не смееме да седиме со скрстени раце и да чекаме кризата да помине, потенцира Азески и наведува конкретни предлог-решенија. Туризмот и земјоделството, вели, се двата клучни сектора за пост-ковид развој, тие се надеж за домашната економија и ќе имаат важна улога во посткорона периодот.

Според претседателот на Комората, земјоделско-прехранбениот сектор учествува со околу 11 проценти во домашниот БДП, а туризмот и угостителството со многу помалку, под пет проценти. Но, и двете дејности имаат огромен потенцијал за раст и можност за голема додадена вредност. Доколку се спојат, а таков потенцијал постои, успехот и економскиот удел во буџетската каса ќе бидат значително поголеми.

Спојот на агросекторот и туризмот не е непознат за домашните бизнисмени, дополнува Азески. Бизнисот ја препознава можноста за заедничкото функционирање на овие две гранки и знае дека е огромен нивниот извозен потенцијал.

-Туристичко-угостителскиот сектор има потенцијал да биде меѓу најдобрите извозни гранки (во глобалниот БДП учествува со 10 отсто. Секој десетти вработен човек во светот е во туризмот. Оваа дејност врзува над 15 други стопански гранки). Но, за да се реализира тоа потребно е: десет пати зголемување на наменските средства за промоција и за координација на овие сектори, промена на моделот за субвенционирање, со еднаква стимулација за сите превозни средства и со еднаков износ за сите странски туристи и формирање национална туристичка организација, како и донесување нов закон за туризам, подвлекува Азески.

Кризата во земјоделскиот сектор, оценува првиот човек на Комората, ќе предизвика пад од 22 отсто до 40 проценти, а на профитот пад од 40 отсто до 60 проценти иако државата интервенира со сериозни средства за субвенции од 2006 година.

-Тука приоритетите се многу јасни: окрупнување и мелиорација на земјоделското земјиште, промена на методологијата на субвенционирање и унапредување на органското производство и на руралниот развој, посочува Азески и дополнува дека извозниот потенцијал на земјоделско-прехранбениот сектор е во млечната, винарската, месната и во мелничката индустрија.

Тој се осврнува и на прашањето за подготвеноста на администрацијата да ги почне преговорите со ЕУ – дали има капацитет да го спроведе овој процес.

-Не смееме да седиме со скрстени раце и да чекаме кризата да помине. Решенијата мора да се бараат навреме, а еден од клучните фактори што може да го трасира тој пат мора да е реалниот сектор, затоа што со многу примери покажал дека нудел вистински решенија. Словенија, нашиот најголем поддржувач за влез во Европската Унија, е многу сериозен пример дека може да се направи тоа. Пример се и Вања Периќ и Тања Полегубиќ, кои како инвеститори повратници од странство во својата земја, на Хвар во Хрватска, јасно советуваат дека оние кои ќе се вратат назад и кои ќе го направат овој спој мора да се свесни дека ќе бидат одговорни за своите бизниси од самиот почеток, а не да чекаат прво поддршка од државата и од Европската Унија. Институциите ќе помогнат кога ќе видат дејствување и јасно изразена волја за просперитет на своите бизниси.

Азески предупредува да бидат земени предвид укажаувањата на бизнис заедницата за да не се повтори и по 20 години да пишуваме дека имало нудење решенија од реалниот сектор, но дека не биле прифатени.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност

Стопанската комора со сет барања за дополнителна поддршка на домашниот агросектор

Стопанска комора ќе бара од ЕУ да ги пролонгира роковите за одредени стандарди и регулативи кај бизнисот

Горан Наумовски

Стопанска комора: Владата го повлече Предлог-законот за данок на солидарност, но бараме целосно да се стопира неговото донесување

Стопанска комора: Обемот на соработката во регионот се намалува, компаниите во многу тешка позиција поради неизвесноста