Азески: 2013 ќе биде една од најтешките економски години

Од:

Без позитивни сигнали за пораст на странската и домашната потрошувачка, значително поистоштени отколку на почетокот на 2012, ќе ја почнеме новата 2013 која, оценувам, ќе биде една од најтешките години, почнувајќи од кризната 2009, вели претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески во интервју за МИА.

Директно или индиректно ќе бидат погодени сите сектори, смета Азески, особено извозно ориентираните што се потврдува, вели, и од тековните движења годинава, одделно по сектори. Реализацијата на очекуваниот раст на БДП од 2 отсто, проеоктиран во макроекономската политика за 2012 година, не е доволен да ја стабилизира неповолната економска ситуација.

– Вредноста на вкупниот обем на размена од 8,6 милијарди американски долари во десетте месеци годинава  е намалена за 9,6 отсто, кај извозот за 11,8 проценти или 3,3 милијарди долари, а кај увозот за 8,2 отсто или 5,3 милијарди долари. Трговскиот дефицит  достигна 2 милијарди долари, а покриеноста на увозот со извозот 62 процента. Одделно по сектори, намалување на извозот има кај скоро кај сите сектори, храна, минерални горива, хемиски и сродни производи, производи класирани според материјалот, извозот на разни готови производи, освен кај секторот машини и транспортни уреди каде е забележан пораст од 13,2 отсто, а чие учество во вкупниот извоз е 9,2 процента, нагласува претседателот на Комората.

Според него, согласно оценките до крајот на годинава и деловните тенденции за наредната, не се очекуваат позначајни промени во јакнењето на надворешната побарувачка, а со тоа и благо опоравување на домашната потрошувачка. Предизвиците и борбата за опстојување ќе продолжат, помалку или повеќе  кај сите сектори и дејности во македонското стопанство.

Во наведените услови на бизнис опкружувањето, како што истакнува Азески, досегашниот приоритет на Стопанската комора – забрзан економски раст и вработеност преку пораст на производството, извозот и инфраструктурните вложувања, се замени со друг – поттикнување на економските активности за стопирање на рецесиските тенденции.

Негова оценка е дека наредната година тешко ќе биде да се задржи нивото на економските активности од годинава, доколку не се преземат определени системски активности за поддршка на производните и извозно ориентираните дејности од реалниот сектор.

– Имајќи ја предвид загрижувачката неликвидност и внатрешната задолженост на македонското стопанство, неопходно е, во соработка со Владата и НБРМ, да се разгледаат можностите за изнаоѓање соодветни решенија на тој план, да се формира гарантен фонд за обезбедување дополнителни гаранции кои на производните претпријатија ќе им овозможат полесен пристап до кредити при аплицирање кај комерцијалните банки, да се поттикнат стопанските активности преку целосна реализација на капиталните инвестиции при што јавните набавки ќе бидат целосно ставени во функција на активирање на домашните компании, сугерира Азески.

Владата, додава, направи неколку добри потези во ублажувањето на негативните ефекти од глобалната економска криза. Донесе пакет антикризни мерки, во тек е раздолжувањето кон приватниот сектор по основ на поврат на ДДВ и исплата на фактурираните побарувања од јавниот сектор.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во интервјуто за МИА што утре ќе биде објавено во целост, зборува и за Предлог буџетот за 2013, за капиталните инвестиции, за третманот на домашните и странските вложувачи, за задолжницата,

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Комора на геодетски друштва: Новиот тарифник е пресметка на директорот со приватните компании

Орце Костов

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Втор ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година