АВРМ: Исплатени околу 65 милиони денари за 6.933 невработени лица

Од:

Агенцијата за вработување денеска изврши исплата на средства за 6.933 невработени лица корисници на паричен надоместок согласно Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност во износ од 65.134.384,00 денари.

Како што информираат од Агенцијата за вработување направена е и вонредна исплата за 2.873 невработени лица корисници на паричен надоместок (вонреден паричен надоместок COVID-19), во износ од 49.781.261, 00 денари, за лица на кои работниот однос им престанал во период од 11 март до 30 април 2020 година по основ на спогодбен престанок од работен однос, престанок со отказ од страна на работодавачот и престанок со отказ од страна на работникот, односно престанок со давање на писмена изјава од страна на работникот.

– И во услови на криза предизвикана од COVID-19 вирусот, продолжува побарувачката за работници од страна на работодавачите, а за тоа говорат и податоците за огласените слободни работни места. Во моментот огласени се речиси 8.000 слободни работни места од страна на 1.090 работодавачи од различни дејности, за потреба од работници од различни занимања (продавач, шивач, келнер, администратор, градежен работник, готвач, армирач, обезбедувачи на имот и лица…), велат од Агенцијата.

Агенцијата за вработување продолжува да ги спроведува активните програми и мерките за вработување дефинирани во Оперативниот план за 2020 година.

-Во период април – јуни 2020 година, преку спроведување на активните програми и мерки за вработување од Оперативниот план за 2020 година, беа потпишани договори со 3717 правни субјекти за вработување на 3.576 невработени лица, од кои 2.364 се вработувања во рамките на Младинската гаранција, односно вработувања на млади лица на возраст до 29 години, информираат од Агенцијата за вработување.

Во Агенцијата за вработување во периодот од 1 јуни до 30 јуни годинава со статус на невработени лица по основ на прилив од работен однос, чија одјава од задолжително социјално осигурување е регистрирана во период после 11 март 2020 година, односно во период на кризата предизвикана од COVID-19 вирусот, се стекнале 3.656 лица.

Би можело да ве интересира

Влада: Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица

А1он

Кривична пријава за раководителка во АВРМ, потрошила службени 10.000 евра за лични потреби

Катерина Ѓуровски

ДЗР со неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансискиот извештај на Агенцијата за вработување

Шахпаска: До ноември реализирани 85% од Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување

А1он

Владата усвои стратегија за вработување која предвидува стапката на невработеност да падне на 11%

А1он

За еден месец регистрирани нови над 900 невработени лица, во Агенцијата евидентирани 159608

Ана Ололовска