Шахпаска: До ноември реализирани 85% од Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување

Од:

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска имаше работна средба со директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Абдуш Демири на кој беше презентиран извештај за реализацијата на Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување за оваа година.

„На состанокот покрај тимовите на МТСП и АВРСМ, присуствуваа и претставници од УНДП кои работат на имплементација на дел од мерките.

Поголемиот дел од активните програми и мерки за вработување и оваа година се атрактивни за граѓаните и интересот за нив е голем. Оттука, беше констатирано дека, до денес околу 85 проценти од Оперативниот план веќе е реализиран, а во наредниот период дополнително ќе се интензивира неговата имплементација“, велат од МТСП.

„Мерките кои произлегуваат од Оперативниот план ја поттикнуваат економијата да отвора нови работни места. Како Влада и Министерство, токму тоа беше наша цел. Со спроведување на мерките и програмите од Оперативниот план се зголемува вработливоста на невработените лица и се овозможува полесен влез на пазарот на труд“, рече министерката Шахпаска.

MТаа најави дека веќе е подготвен ревидиран Оперативен план со кој за најатрактивните мерки, како што се поддршка за самовработување, субвнционирање на плати, како и за новата пилот мерка за субвенционирање на плати во текстилниот сектор, за што се обезбедени дополнителни 284 милиони денари. Голем интерес има и за обуката за развој на дигитални вештини, како и за возачи за Ц и Д категорија.

„На состанокот беше заклучено дека Агенцијата за вработување треба да изготви анализа која ќе покаже кои мерки од Оперативниот план треба да продолжат и во наредната година“, велат од МТСП.

Би можело да ве интересира

МТСП: Работодавачите се должни утврдениот бруто-износ за 2023 година да го пресметаат и исплатат со платата за месец март

Ана Ололовска

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Ана Ололовска

Тренчевска за деветмесечното дете со туберкулоза: Не се работи за занемарување на дете, ќе ги почекаме извештаите од увидот на стручниот тим од Куманово

Ана Ололовска

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната година 2022/2023 година

Ана Ололовска

МТСП: Исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории граѓани на 13 февруари, списоците ќе бидат објавени на 6 февруари

Ана Ололовска

Тренчевска: Позитивните примери од Хрватска несомнено ќе придонесат во унапредување на системот за социјална и детска заштита

Ана Ололовска