Авионскиот превоз со најголем раст на патници и стока

Од:

Воздухопловниот превоз и на патници и на стока, бележи најголем раст, споредено со останатите видови транспорт, во вториот квартал во однос на првиот квартал годинава, како и во однос на вториот квартал лани, а зголемувањето кај каргото достигнува до 72,8 процента, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

За 11,7 проценти е зголемен бројот на патници на домашните и меѓународните автобуски линии во вториот квартал споредено со првиот квартал годинава, но во однос на вториот квартал од минатата година има намалување за 20,3 проценти. Во вториот квартал во однос на првиот квартал годинава во градско – приградскиот превоз имало за 1,3 проценти повеќе патници, а за 1,8 проценти помалку споредено со вториот квартал лани. Раст од 13,1 процент бележи железничкиот превоз во вториот квартал во однос на првите три месеци од годинава, а во воздухопловниот за 41,5 проценти, а споредебно со вториот квартал лани има намалување од 0,7, односно зголемување за 15,1 процент.

Кај товарниот превоз, во вториот квартал, споредено со првото тримесечје од годинава, статистиката бележи раст од 4,4 проценти на количеството превезена стока во патниот превоз, кај железничкиот за 13,5 проценти, а во воздухопловниот за 72,8 проценти. Споредено со вториот квартал лани, количеството на превезена стока во товарниот патен превоз е намалено за 17,9 проценти, во железничкиот превоз е зголемено за 2,9 проценти, а во воздухопловниот превоз за 62,4 проценти.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска