„Аудатекс“ на конференција ги запозна осигурителните експерти со модули за процена на оштетените возила

Од:

„Аудатекс“ е компанија од Групацијата Солера, која нуди иновативни и економски ефикасни решенија за осигурителни компании, автoсервиси, вешти лица и проценители развиени заедно со најдобрите професионалци од автоиндустријата од целиот свет, според највисоките стандарди и барања на производителите на автомобили.

На 24 октомври годинава се одржа советување на експертите од страна на „Аудатекс“. На советувањето беа поканети менаџери и вработени во осигурителни компании, вешти лица и проценители, како и експерти за осигурување од Република Македонија, кои имаа можност да присуствуваат на презентацијата на новите услуги што ги нуди „Аудатекс“.

Компанијата е застапена на македонскиот пазар од 2014 година и се етаблира како лидер во обезбедувањето решенија за обработка на штети на возила. Со повеќе од 75 отсто пазарно учество, „Аудатекс“ е најпосакуван партнер на осигурителните компании на територијата на Република Македонија.

На советувањето беа презентирани:

AudaNet – платформа за процена на штети на возила со можност да се идентификува возилото според бројот на шасија и способноста да се интегрира со софтверот на осигурителните компании.

Qapter/QapterSync – модул што овозможува процена на оштетените возила, како и пресметка на штета со користење разни мобилни уреди.

AudaFlow – комуникациски модул кој им овозможува на изведувачите вклучени во процесот на поправка на возила (сервисери, експерти) да испраќаат структурирани информации едни на други.

AudaSmart – решение што му овозможува на осигуреното лице да направи независен преглед на сопственото оштетено возило. Во директен контакт со осигурителот AudaSmart му овозможува на осигуреникот, односно оштетениот, да ги реши штетите со мала вредност на лесен, брз и едноставен начин.

AUTOonline – модул за одредување на вредноста на остатокот на возилата што се проценети како тотална штета. AUTOonline е лесен за употреба од страна на осигурителот и нуди одредување на вредноста за оштетените возила на пазарна основа, што претставува најобјективен начин да се одреди вредноста на остатокот на возилата кои се проценети врз основа на пресметка за тотална штета.

FraudCheck/AudaHistory – најбогатата база на податоци за историјата на штетите на возилата во Европа. Модулот за превентивна штета им овозможува на корисниците да проверат дали возилото било предмет на штета во минатото преку обезбедување вонреден пристап до детаљни информации за возилото.

FraudCheck/AudaHistory во одреден дел помага и во спречување измами на возила на територијата на Југоисточна Европа.

AudaValue – алатка за оценување на вистинската вредност на возилата, која овозможува идентификација според опремата на возилото.

(ПР-текст)

* Претствник на „Аудатекс“ за Македонија е Audatex Southeast Europe Ltd. 1000 Софија, Бугарија. бул. „Христофор Колумб“ 80, офис 6.1. [email protected]; [email protected]

Би можело да ве интересира

Пановски: Фирма која лаже граѓани за здравје треба да се затвори

Анита Петровска Рајковиќ

Си рекламирале чаеви лажно користејќи имиња на лекари – Кривична за фирма и директорот

Анита Петровска Рајковиќ

Фотографии од доктори се користат за лажни реклами: Лекарска комора бара итна реакција од МВР и Обвинителство

A1on

Животот е за забава: Нов и модерен е-шопинг со јапонскиот шмек на МИНИСО

Ана Ололовска

Компанијата Фине – станува FINE HOLDING

Ана Ололовска

Уште поширока понуда на производи на Хемофарм за пациентите и потрошувачите во Северна Македонија

Ана Ололовска