Атина е со Кипар

Од:

Пратениците и симпатизери на грчката партија Златна зора денес демонстрираа пред амбасадата на Германија, поради условите кои што ги предложија ЕУ и ММФ, за спас од финансиската криза на Кипар.

Во протестот, според податоците на полицијата учествуваа 500 луѓе, кои носеа грчки знамиња и транспаренти со слогани „Кипар, Егеј обединет фронт“ „Да не се угнетува кипарскиот народ“ и слично, пренесе грчката агенција „АНА“.

Истовремено во другиот дел на Атина се одржа уште еден протест на левичарите кои носеа транспаренти „Грција и Кипар, заедно против евра“.

Политичката организација на екстремната десница, Златна зора на изборите минатата година освои околу 6 проценти од гласовите и прв пат во историјата доби 18 места во парламентот.

Кипар се обидува да добие 5,8 милијарди евра, за да го осигура меѓународниот кредит за помош, вреден десет милијарди, бидејќи во спротивно му се заканува банкрот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар