Атина е со Кипар

Од:

Пратениците и симпатизери на грчката партија Златна зора денес демонстрираа пред амбасадата на Германија, поради условите кои што ги предложија ЕУ и ММФ, за спас од финансиската криза на Кипар.

Во протестот, според податоците на полицијата учествуваа 500 луѓе, кои носеа грчки знамиња и транспаренти со слогани „Кипар, Егеј обединет фронт“ „Да не се угнетува кипарскиот народ“ и слично, пренесе грчката агенција „АНА“.

Истовремено во другиот дел на Атина се одржа уште еден протест на левичарите кои носеа транспаренти „Грција и Кипар, заедно против евра“.

Политичката организација на екстремната десница, Златна зора на изборите минатата година освои околу 6 проценти од гласовите и прв пат во историјата доби 18 места во парламентот.

Кипар се обидува да добие 5,8 милијарди евра, за да го осигура меѓународниот кредит за помош, вреден десет милијарди, бидејќи во спротивно му се заканува банкрот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Кипар во „дупка“ од 2,24 милијарди евра поради пандемијата

Жарко Настоски

Прв смртен случај од Коид-19 на Северен Кипар

Светска банка: Доколку Кипар се обедини, доходите ќе се зголемат за седум отсто

Ана Ололовска

Грција, Кипар и Израел денеска во Атина ќе го потпишат договорот за гасоводот EastMed

Ана Ололовска