Асоцијацијата за е-трговија и Економски факултет ќе работат на унапредување на е-трговијата

Од:

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Економски факултет Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” потпишаа меморандум за соработка, со цел заеднички да придонесуваат кон развојот на е-трговијата и развивањето на способностите, дигиталната писменост и градењето капацитети во секторот за е-трговија во Република Македонија.

Меморандумот за соработка, како што навеудваат во соопштението од Асоцијатацијата, го потпишаа претседатот на АЕТМ Нина Ангеловска и деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Љубомир Дракулевски.

-Овој меморандум ми претставува посебно задоволство и чест. Едно, затоа што јас лично се градев тука за време на додиполмските и магистерските студии, а потоа и дадов придонес кон науката со мојот докторски труд во полето на е-трговијата. А второ, затоа што едукацијата е клучна за нашата земја и особено за дигитализацијата. Еден од главните предизвици е токму ниската дигитална писменост на населението на кое можеме да работиме заедно со Економскиот факултет, вели Ангеловска.

Потписниците на Меморандумот, соработката ќе ја остваруват преку споделување релевантни информации од областа на е-трговијата, заеднички ќе придонесуваат за развојот на соодветни програми од областа на е-трговијата за потребите на корисниците на услугите, како и преку споделување на тековни и нови искуства, релвантни за областа на дејствување и соодветната целна група.

-Работата на Асоцијацијата за Е-трговија е од особено значење за развојот на електронската трговија во македонската економија како помеѓу крајните корисници, така и помеѓу компаниите. Има уште многу работи на кои може да се работи и да се унапредуваат. Економскиот факултет при Универитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје е пионер во едукацијата и развојот на оваа научна област во Република Македонија и оваа соработка со Асоцијацијата за Е-Трговија е од особено значење за понатамошниот развој и унапредување на состојбите во оваа област, изјави Дракулевски.

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија продолжува да ја зголемува соработката со високо- образовните институции, со цел да ја зголеми вклученоста на професорите, а особено студентите во растот и развојот на е-трговијата. Едукацијата е клучен елемент за новокреираната индустрија. Од особена важност е вклучувањето на студентите како носечка алка, во забрзување на развојот на е-трговијата и да придонесе кон поголеми знаења од оваа област како интегрален дел од процесот на дигитализацијата.

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се стреми кон инклузивна е-трговија, а преку потпишување низа меморандуми со засегнатите страни од областа, има за цел да креира иднина за раст на е-трговијата и успех во рамките на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Вредноста на онлајн трансакциите во 2023 изнесува 649 милиони евра, информира Асоцијата за е-трговија

Орце Костов

Намален прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Македонците најмногу пари онлајн потрошиле во Велика Британија

Ана Ололовска

Fashion Group освои седум награди на E-commerce Awards 2022

Ана Ололовска

Вкупната трговска размена лани 20.424.810 илјади евра, трговскиот дефицит 3.825.646 илјади евра

Нови 40 компании се приклучија на балансната група на „РЕС“