Вредноста на онлајн трансакциите во 2023 изнесува 649 милиони евра, информира Асоцијата за е-трговија

Од:

Согласно најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба во 2023 година на Народната Банка на Република Северна Македонија, вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 39,929.2 милиони денари или 649.3 милиони евра, односно бележи пораст од 18% во однос на 2022 година.

Притоа, вредноста на направените вкупни е-трансакции од физички лица изнесува 455.6 милиони евра и има пораст од 18.7%, додека правните лица оствариле пораст од 16.3% во однос на 2022 година. Доминира учеството на физичките лица во направените вкупни трансакции со 70.2%. Се зголемува и бројот на вкупните онлајн трансакции, но со помал интензитет на пораст односно 15.2% во однос на 2022 година.

Кај правните лица бројот на реализираните вкупни е-трансакции се зголемува за 8.7%, додека кај физичките лица за 17.1% во однос на минатата година. Просечната вредност на направените онлајн трансакции во 2023 година изнесува 33.7 евра и е за 2.3% поголема од 2022 година. При тоа растот на просечната вредност е поголем кај правните лица каде што просечната трансакција се зголемува за 6.8% и изнесува 45.6 евра, додека кај физичките има минимален пораст (1.05%) и изнесува 30.3 евра.

Во структурата на вкупната вредност на направените онлајн трансaкции во 2023 година се забележува намалување на учеството кон домашни е-трговци од 72% во 2022 година на 70% во 2023 година, на сметка на зголемениот раст на вредноста на направените е-трансакции кон странски е-трговци. Имено, во 2023 година вкупната вредност на направени е-трансакции кон домашни е-трговци направени и од домашни и од странски купувачи изнесува 453.6 милиони евра што преставува пораст од 15.2% во однос на претходната година. Македонците во странство со платежни картички на виртуелни продажни места оствариле трансакции во вредност од 195.6 милиони евра што преставува раст од 25.3% во однос на 2022 година.

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Македонците најмногу пари онлајн потрошиле во Велика Британија

Ана Ололовска

Fashion Group освои седум награди на E-commerce Awards 2022

Ана Ололовска

Македонецот купува онлајн еднаш до два пати во 3 месеци, прави нарачки најчесто до 50 евра, а најмногу нарачува од домашни е-трговци

Ана Ололовска

Македонците најмногу купувале онлајн од Обединетото Кралство, Ирска и Унгарија

Ана Ололовска

Македонците потрошиле 203,1 милиони евра купувајќи од домашни онлајн продавници

Ана Ололовска