Асмусен: Во интерес на Кипар и на еврозоната е да има спасувачки план

Од:

Во интерес на Кипар и на еврозоната е да биде постигнат спасувачки план, изјави Јерг Асмусен, член на Управниот одбор на Европската централна банка.

Асмусен во интервју за весникот „Цајт“, по отфрлањето на планот во кипарскиот парламент, истакна дека останува убеден дека програмата за спас е од најдобар интерес за Кипар и за сите земји членки на еврозоната.

ЕЦБ ќе ги разгледа на денешниот состанок следните чекори за Кипар, по отфрлањето во меѓународниот спасувачки план во Парламентот во Никозија, јавија претставници на фонодт во Франкфурт.

Во соопштението ЕЦБ наведува дека продолжува со обезбедување на ликвидноста на европските банки во Кипар. Тоа ќе остане во рамките на постојните договори, се нагласува во краткото соопштение на ЕЦБ.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар