Аркан Керим е нов претседател на Tуристичко-угостителска комора

Од:

Аркан Керим е нов претседател на Туристичко-угостителска комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, кој беше избран на седница на Собрание на Комората. Керим е долгогодишен туристички работник, сопственик на туристичка агенција и на хотел и истакнат амбасадор на македонскиот туризам ширум светот.

dobivaj vesti na viber

Во своето излагање пред присутните на Собранието Керим потенцираше дека неговите активности како претседател на Комората ќе бидат насочени кон развој и унапредување туристичкиот сектор, развој на нови трендови во угостителскиот сектор како и кон заштита на интересите на деловните субјекти од овој сектор.

„Ќе го вратиме сјајот на туристичко-угостителскиот сектор и ќе го презентираме туристичкото стопанство на сите светски етаблирани саеми. Во партнерски однос со институциите ќе се залагаме сите членови на ТУК да имаат пристап до ликвидни средства за раст на компаниите и за проширување на делокругот на активности. Туристичко-угостителската комора во наредниот период ќе ја реорганизираме во пет посебни сектори кои ќе функционираат во рамки на Комората, угостителство, транспорт, туристички агенции, хотелиерство и обука на кадри за туризмот“, истакна Керим.

Согласно поделбата од секој сектор ќе биде избран и по еден потпретседател на Туристичко-угостителската комора, со цел сите деловни субјекти од различни дејноста да имаат рамноправен пристап во одлучувањето. Керим најави и воспоставување на регионални претставници во повеќе градови од државата Скопје, Битола, Куманово, Крушево и Дојран, со што со активностите подеднакво ќе бидат реализирани во сите региони.

Со почит,

Би можело да ве интересира

Дијалогот помеѓу синдикатите и Владата е постојано во тек

А1он

Сојузот на стопански комори потпиша Меморандум за соработка со Стопанската комора на Република Чешка

А1он

Стопанска комора: Мерките кои се носат да не го нарушат оперативното работење на компаниите

А1он

Сојузот на стопански комори ќе добие тројца нови потпретседатели

Ана Ололовска

ССК: Новиот Закон за електричен отпад наметнува нереално зголемени давачки за претпријатијата

Ана Ололовска

Хоџа спроти ставот на ССК: Минималната плата од 18.000 денари има за цел подигање и проширување на работничките права

Ана Ололовска