Анѓушев: Очекувам сега Фени да биде стабилна компанија

Од:

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев очекува Фени да биде стабилна компанија по затворањето на стечајната постапка и се надева дека комбинатот ќе има серизен придонес во економијата, особено поради фактот што новите сопственици најавуваат дека ќе ја отворат и втората линија.

-Конечно се растераа сите магли околку случајот на Фени и денеска е прв случај со завршен стечај во историјата на Република Македонија со целосно исплатени доверители, а компанијата и во активен стечај продолжи да работи. Најавата од сопствениците дека ќе ја отворат втората линија би го дуплирала производството на Фени, а тоа ќе значи и дуплирање на нивната економска активност, зголемување на бројот на вработени и ќе има значително влијание во БДП на земјава, рече Анѓушев во одговор на новинарско прашање на денешниот Македонско-бугарски бизнис форум во Скопје.

Тој посочи дека просечните плати во Фени во моментов се над 500 евра.

-Тоа е исто како што вети Владата и практично програмата од таму почна да функционира, посочи Анѓушев.

Вчера, ГСОЛ/Еуроникел соопшти дека Апелацискиот суд го потврди решението на Основниот суд во Велес со кое се одобрува Планот за реорганизација на Фени индустри.

Би можело да ве интересира

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски