Ангеловска: За 28% инвестираме повеќе во образование споредбено со 2016 година

Од:

За 28% повеќе се предвидени средства за инвестиции во образованието во Предлог-буџетот за 2020 година, споредбено со завршната сметка од 2016 година, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на комисиската расправа за Буџетот во Собрание.

-Според завршната сметка за 2016 година, буџетот за образование бил 22 милијарди денари, сега е 28,3 милијарди денари. Тоа е за 28 проценти раст на инвестициите во делот на образованието. Во договорни услуги треба да имате предвид дека влегуваат и учебниците. Во 2016 година 118,9 милијарди денари бил буџетот за основните три столбови за градење на човечкиот капитал – образование, социјална заштита, здравство. Во 2020 – 154,6 милијарди денари. Се гледа колку повеќе се инвестира во трите основни столбови на човечкиот капитал. Сметам дека луѓето се приоритет, дека луѓето се клучни, дека луѓето ги прават државите и дека ние сите заедно во оваа просторија и сите граѓани во оваа земја и сите работници, ќе кажат каква ќе биде нашата економија. И тоа ќе зависи од нивната напорна работа, од нивната мотивација, од нивните знаења, од нивното образование. И затоа велиме најважен капитал е човечкиот капитал и таму ги алоцираме средствата – рече Ангеловска.

Со буџетот за 2020 година предвидено е покачување на платите на просветните работници. Како што кажа, кадрите се најважен ресурс во образованието и треба најдобрите да се задржат во јавниот сектор. Во буџетот предвидени се и средства наменети за изградба и реконструкција на основни и средни училишта, детски градинки, изградба на училишни и спортски сали, реконструкција на ученички и студентски домови, опремување и реконструкција на универзитетите и инвестиции во спортска инфраструктура.

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Втор ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Расправа за Дополнетиот предлог буџет за 2024, економскиот раст проектиран на 3,4 проценти, инфалацијата на 3,6