Андреевски: Во изминативе 10 години оваа власт ја зголеми цената на електричната енергија за 100%!

Од:

„Фактите говорат дека во изминативе 10 години оваа власт ја зголеми цената на електричната енергија за цели 100%!

Го намали домашното производство на електрична енергија за близу 35%!

Зголемен е увозот на електрична енергија за 40% и укината е евтината тарифа!

Менаџментот на компаниите направи модернизација на енергетските капацитети во висина од 700 милиони евра, но кога ќе ги погледнете резултатите ќе видите дека огромен профит завршил во џебовите на фамилијата на сметка на осиромашените граѓани.

Во изминативе денови бевме сведоци на низа оставки во енергетските компании.

Тоа се вистинските причини поради коишти се случија тие оставки.

Денеска ние говориме за Вистината во електро-енергетскиот сектор, по 11 декември дел од учесниците ќе мора да проговорат кој бил нарачател и кои биле извршителите.

Извршителите ќе одговараат, но најважно за нас е во преостанатите 58 дена до изборот на нова влада вработените да не потпаднат под притисок и влијание на оваа група, мора да внимаваат да не бидат повлечени со нив!

По 11 декемви заедно со вработените во РЕК Битола и со целиот енергетски сектор ќе ги изградиме и ќе ги обновиме енергетските компании во Р.Македонија, ќе го зголемиме домашното производство, ќе ја вратиме евтината тарифа за граѓаните и пред се ќе обезбедиме стабилен и ефикасен енергетски систем“, изјави претседателот на Комисијата за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски.

Би можело да ве интересира

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки