АНАЛИЗА: Железница – големи ветувања, мали остварувања!

Од:

Генерално, инфраструктурните проекци предвидени со Националната програма 2014-2016 година се одвиваат бавно.

„Националната програма предвидува вкупно 31 проект за Коридорите VIII, X и Xd, Реализацијата на проектите се одвива бавно и во најголем дел Националната стратегија до крајот на 2016 година е нереализирана поради што очекуваните ефекти остануваат за наредниот период“ – се наведува во новообјавениот ревизорски извештај посветен на мерките и ефектите од развој на железничкиот сообраќај во земјава, пишува Portalb.mk во новата неделна анализа.

Мега-проекти, бавна реализација…

Застој во изградбата, задоцнети рокови, па дури и прекинати договори се дел од наодите што ги обелодени државниот ревизор, кој под лупа ги стави железничките инфраструктурни проекти кои се дел од Националната програма 2014-2016 година.

„Реализацијата на проектите од НП генерално кај сите Коридори VIII, X и Xd се одвива со бавна динамика. Предвидените рокови за изведба се пролонгирани со што на изведувачите на работите им се дадени реални можности за завршување на истите. Имајќи го во предвид горенаведеното особено за Коридор X, поради пролонгирање на рокот на изведбените работи во континуитет и финансиски потешкотии на изведувачот, постои ризик истиот да не е во можност да ги доврши активностите, a со тоа да се јави потреба од нов тендер и избор на нов изведувач што ќе го продолжи периодот до конечно завршување на активностите на ремонтот на делницата Неготино – Ногаевци“ – наведува ревизорот.

За Коридор VIII, според увидот во документацијата, рокот на изведба бил 30 месеци. Но како што се наведува во извештајот, при реализација на проектот имало бројни прекини во работата за кои причина не е изведувачот. Проблеми со иградбата имало и на Битола-Кременица, констатирајќи дека во договорениот период од 18 месеци релизирани се само 25% од предвидените градежни работи. Поради бавната реализација на проектот, а со цел максимално искористување на грант средствата, договорот со изведувачот е раскинат.

„Во јануари 2016 година МТВ со допис го известува изведувачот дека остануваат шест месеци да се довршат 84% од договорот без можност за продолжување на истиот. Надминување на проблемите во имплементација на проектот. Со заклучок на Владата на РМ од 27.07.2016 година прифатена е варијанта A – раскинување на договорот со постојниот изведувач и избор на нов изведувач. – МФ по добиено одобрение од Делегацијата на ЕУ, на 03.10.2016 година испратило допис до изведувачот со кој го раскинува договорот за изведбени работи и покрај дописот на МФ за раскинување на договорот од страна на изведувачот на 25.11.2016 година добиено е писмо со информација дека продолжува со активности за поставување на сигнализација и телекоммуникации“ – наведува ревизорот.

За реализација на проектите кои се предложени со оваа НП потребни биле финансиски средства во износ од 19.886.169 илјади денари или 323.352 000 евра. година. Програмите за финансирање на железничката инфраструктура за 2014, 2015 и 2016 година се реализирани во помал износ за 229.563 илјади денари, односно добиени се помалку средства во однос на законското право од најмалку 0,3% од планираните даночни приходи во Централниот буџет, пишува Portalb.mk.

Железницата во стагнација – возовите бавно сообраќаат…

Ревизорот наведува дека општа констатација за развојот на железничката мрежа во Македонија, во период на последните 50 години е дека стагнира.

„Железничкиот сообраќај во Република Македонија се карактеризира со значителна заостанатост во однос на европските железници и тоа во однос на квалитетот на железничките пруги, но и во однос на густината на железничката мрежа“ – наведуваат ревизорите и додаваат:

„Додека на најголемиот дел од магистралните железнички линии во високоразвиените земји возовите развиваат брзина помеѓу 250-300 km/h, железничките линии во Република Македонија не дозволуваат брзина поголема од 120 km/h. Најголем дел од должината на пругите 259 km или 37,1% е адаптирана за брзина помеѓу 91-100 km/h, 216 km пруги или 30,9% овозможува брзина од 61-90 km/h и 224 km пруга или 32% само брзина до 60 km/h“.

Како позначајни железнички инфраструктури проекти, ревизорот ги посочува: Проектот за подобрување на железничката пруга на Коридор X, финансиран со заем од ЕБОР, во рамки на кој се врши ремонт на повеќе делници од железничкиот Коридор X со вкупна должина од 53 km и Проектот за доизградба на железничката пруга на Коридор VIII, кој има за цел да го поврзе Црно Mope со Јонско Mope, од што произлегува и големата стратешка и економска важност на овој проект. Изградбата на источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII делот кон Бугарија, ќе се одвива во 3 фази.

Реакции на ревизорскиот извештај…

Извршената ревизија под лупа ја стави „Ефикасност на активностите и мерките за развој на железничкиот сообраќај во РМ утврдени со Националната програма 2014-2016 година“ со цел, како што велат ревизирите, да се одговори на прашањето „Дали преземените активности од страна на институциите кои ја спроведуваат Националната програма 2014-2016 година придонесуваат за развој и подобрување на состојбите и условите на железничката инфраструктура во РМ.

Ревизорот информира дека од страна на Министерството за транспорт и врски и од ЈП Македонски железници добиени се забелешки на нацрт извештајот, но се оценува дек дел од нив не содржат докази за измена на наодите, дел се прифатени, а дел одбиени.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Мицкоски: Лудо е како Влада да прифатиме изградба на тунел без излез, а притоа истиот да чини 800 милиони евра

Францускиот премиер: Нападите на железницата имаа една цел – да ги блокираат возовите за Париз пред Олимписките игри

Возот од Велес утрово не тргна за Скопје

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

A1on