АНАЛИЗА: За станбени и потрошувачки кредити граѓаните должат скоро 2 милијарди евра

Од:

Историските стапки на раст на кредитирањето од 39 отсто нема да се повторат, но догодина и следните години кредитирањето ќе биде стабилно, со просечни стапки на раст од 8,4 отсто. Во моментов вкупната кредитна изложеност на банките и на штедилниците изнесува 5 милијарди евра додека вредноста на вкупните штедни влогови изнесува 5,8 милијарди евра, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. На крајот од септември салдото на сомнителни и спорни побарувања е 251 милион евра.

Во 2019 година – кредитен раст од 8,5%

Побарувачката на кредити од страна на домаќинствата забави во третиот економски квартал, со побрза динамика во однос на претходниот, но според очекувањата на банкарите, овој тренд ќе се промени во последното тромесечје.

„Нето-намалувањето на побарувачката на кредити кај секторот „домаќинства“ во третиот квартал е спротивно со очекувањата на банките, дадени во претходната анкета. За четвртиот квартал од 2018 година, банките очекуваат нето-зголемување на побарувачката на станбени и потрошувачки кредити, како и во претходната анкета“ – соопштуваат од Народната банка.

Во периодот што измина, според анализите на банкарите, побарувачката на потрошувачки кредити е забавена додека кај станбените кредити забележано е мало, нето-зголемување. Најновите расположливи податоци покажуваат дека на крајот септември домаќинставата (физички лица и самостојни вршители на дејност) во банките биле задолжени со 2 милијарди и 487 милиони евра.

Кредитна задолженост на домаќинства:

Потрошувачки кредити – 1 268 000 000 евра

Станбени кредити – 713 500 000 евра

„Кај побарувачката на корпоративни кредити, во третиот квартал е забалежано зголемување, но послабо во однос на состојбата во вториот кавртал. Според банките, ваквата промена е резултат на намалената побарувачка на кредити од страна на малите и средните претпријатија , краткорочните и долгорочните кредити, при што забавување на побарувачката се забележува и кај побарувачката на кредити од големите претпријатија“ – изјавиле банкарите во новообјавената Анкета за кредитна активност.

Најголемите пикови на кредитен раст беа достигнати од 2004 година до 2008 година. Според анализата на податоците што ја направи “Порталб“, во 2007 година стапката на кредитен раст надмина 39% и се смета за историски највисока.

Кредити на приватен сектор – стапки на промена:

2004 година 25,0%

2005 година 21,0%

2006 година 30,5%

2007 година 39,2%

2008 година 34,4%

На истекот од оваа банкарска година, според прогнозите од НБМ, до година се очекува забрзување на темпото на кредитен раст кое ќе се задржи во следните години.

„За 2019 година се очекува слична динамика на растот на кредитната активност од 8,5% (7,7% во априлската проекција), додека за наредниот период заклучно со 2021 година, кредитниот раст би изнесувал 8,4%, во просек. Оцените за забрзување на кредитниот раст се засноваат на претпоставките за стабилни очекувања, раст на депозитниот потенцијал на банките и засилена економска активност“ – велат од НБМ.

Дел од банкарите за „Порталб“ коментираа дека вкупната политичка неизвесност, особено во периодот пред одржување на реферндумот и настаните во Собранието по неговото завршување, влијаеше врз кредитната активност, со воздржаност од нови задолжувања и кај граѓаните и кај фирмите. Годинава според последните прогнози, ќе заврши со кредитен раст од 8,4%.

Штедењето стабилно – во банките на книшки лежат 5,6 милијарди евра

Со просечни стапки на раст на депозитите од осум отсто годишно, штедењето во земјава достигна 55% од Бруто домашниот производ. Според последните податоци, во банките и штедилниците вкупната депозитна база изнесува 5,8 милијарди евра. Она што охрабрува и ја потврдува довербата во домашната валута е порастот на денарското штедење, смета гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска.

„Особено позитивен е посилниот раст на депозитите во домашна валута и забрзувањето на растот на штедењето на долг рок, што го јакне капацитетот на банките за долгорочни пласмани и поддршка на инвестициски проекти. Но, и покрај позитивните трендови, видлива е потребата за натамошно зголемување на вкупното домашното штедење, што е впрочем заедничка карактеристика на земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа“ – изјави гувернерката.

Анализата на податоците за раст на депозитите покажува дека во период од пет години, или од 2014 година до сега, депозитната база е зголемена за скоро 1,2 милијарди евра.

Вкупни депозити во банки и штедилници:

2014 година 4,6 милијарди евра

2015 година 4,9 милијарди евра

2016 година 5,2 милијарди евра

2017 година 5,5 милијарди евра

2018 година 5,8 милијарди евра

Во изминатите години полека се менуваше и валутната структура на депозитите со што сега доминација има денарското штедење. Така, 59,4% од вкупните штедни влогови се во домашна валута, додека останатите 40,6% отпаѓаат на девизно штедење.

„Во линија со подобрите досегашни остварувања,а при оценки за стабилен амбиент и засилена економска активност, се врши нагорна ревизија на депозитниот раст кој се очекува да изнесува10,2 % и 7,7%, соодветно за 2018 и 2019 година (во априлската проекција околу 6,5%),со умерено засилување на растот во наредниот период од 8,6%, во просек, за 2020-2021година“ – пишува во новите ревидирани проекции на Народната банка. Неизвесноста поради политичката состојба, особено поврзана со евроатланските интеграции, во изминатиот период беше забележана инвестициска воздржаност, која се рефлектираше преку забавена побарувачка на инвестициски кредити од страна на домашните компании.

Би можело да ве интересира

Годишен раст на зелените кредити од 26 отсто во првиот квартал од 2024 година

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Јелен: Застрашувачки е големиот надворешен долг на САД

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

A1on