АНАЛИЗА: Страв од неизвесност – штедењето забави!

Од:

По податоците за пад на индустриското производство и по оценките на бизнисмните дека економската состојба во фирмите се влошува, и банкарскиот сектор испрати сигнали дека неизвесноста од политичката криза се одрази и кај штедењето и кај кредитирањето, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk.

Во април, Народната банка регистрираше намалување на депозитите кај население и кај фирми. Дел од бизнисментите очекуваат стабилизација по формирање на нова, реформаска Влада која според нив ќе ја чекаат бројни политичко-економски предизвици.

И штедењето – во сенка на политичката криза…

По сигналите што ги испрати индустријата, намалените проекции за економски раст и влез на странски инвестиции, и банкарскиот сектор во сенка на неизвесноста од политичката криза.

„Првичните податоци за април 2017 година покажуваат пад кај штедењето во однос на претходниот месец. Ваквите остварувања го одразуваат намалувањето на депозитите и кај двата сектора, населението и претпријатијата, иако поумерено кај депозитите на населението во услови на зголемена неизвесност“ – посочуваат од Народната Банка.

Дел од економистите уште на стратот од оваа година предупредија дека неизвесноста се прелеа и во 2017 година, а слични оценки дадоа и стопанствениците. Сметаат дека сега, кога веќе се соочуваме со последи од кризата, значајно е какви потези за економијата ќе следуваат со формирање на нова Влада.

„Новата Влада ќе се соочи со огромен број на предизвици е секако дека ќе биде многу тешко да се приоритизираат одредени сегменти. Но секако ако би требало да поставиме прироритети би било следното: ребаланс на буџетот и остранување на непотребни/непродуктивни трошоци како и насочување на силите кон зголемувањето на капиталните инвестиции т.е да се постигне максимум искористеност на средствата во делот на капитлани инвестиции. Во овој период да се започне со дијалог за можно преструктурирање на буџетските трошоци“ – вели за Portalb.mk Фатмир Бутќи од Стопанската комора на северозапдна Македонија и додава:

„Второ но не помалку важно би требало да биде започнувањето на отворен дијалог со сите чинители во општеството за долгорочна стратегија за економски развој на земјата. Без овој чекор, залудни ќе бидат сите поединечни мерки што евентуално владата ќе ги започне. И трето сметаме дека треба да има конкретни чекори на враќање на владеење на правото како и на не селективно спроведување на законите. Ова последното, осоебно е важно за да се врати довербата на стопанството во институциите и владеење на правото“.

Според гувернерот Димитар Богов, монетарната политика ќе продолжи да биде сигурен партнер на макроекономската политика за да се одржи севкупната макроекономска стабилност, но сепак тој смета дека креаторите на политиките треба посмело да пристапат кон реформи и побара фискална консолидација.

„Алармот е вклучен и за фискалната политика која во многу земји стана прекомотна со политиката на ниски каматни стапки. Потребно е затегање на фискалните услови што ќе овозможи фискална консолидација“ – изјави неодмна гувернерот Димитар Богов.

Сите сегменти на економијата веќе пратија сигнал за влошување поради политичката неизвесност, точно е дека заздравувањето на системот и враќањето на довербата нема да одат лесно – но тоа ќе биде неминовен процес во кој освен креаторите на политиката мора да биде вклучен и граѓанскиот сектор и бизнисот, смета стопанственикот Бутиќи.

„Опоравувањето на системот секако дека ќе биде тежок процес но не значи дека треба да се обесхрабрат, туку напротив тоа би требало да биде дополнителен мотив за нив за да докажат дека навистина ја сакаат оваа земја и работат за државните интереси. Секако сметаме дека политичката волја, конзистентноста во вредностите кои што се промовираат и се спроведуваат од нив самите како и бескомпромисното соочување со сите негативни појави може да бидат добар показател за заздравувавње на севкупниот општествен систем. Секако мора да постои широк дијалог помеѓу сите чинители (влада – граѓански сектор – приватен сектор) во креирањето на патот кон здравиот и оддржливиот општествен процес во Македонија“ – вели за Portalb.mk Бутиќи.

Европската комисија во својот последен извештај објави оптмистички прогнози за раст на економијата, но сепак укажа на ризиците и поседиците и побара намалување на дефицитот, то треба да повлече и намалување на јавниот долг.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава