АНАЛИЗА: Од кои проекти се крати – а кои остануваат со ребалансираниот Буџет?

Од:

Економскиот раст ќе забави – Владата на пратениците им го достави предлог – ребаланс на Буџетот за годинава. Намалени се проекциите за буџетски приходи, но намалени се и тршењата. Се посегна по трошоците за стоки, услуги, нерелизирани набавки, возила, мебел. Причината за овие коррекции заедно со стопениот оптимизам за раст на економијата, според креторот на политиките, е политичката криза.

„Проекцијата за економскиот раст во 2017 година е ревидирана на 2,2%, споредено со првичната проекција од 3,0%, што главно ги одразува ефектите од пролонгирањето на домашната политичка криза врз економијата, во најголем дел како резултат на воздржаноста на приватниот сектор од поголеми инвестициски зафати во изминатите месеци“ – се наведува во ребалансираниот буџет.

Дел од проектите што веќе се започнати продолжуваат, но според анлизата што ја направи Portalb.mk сепак кај дел има одредени кратења. Еве од кои потпрограми на министерствата и на агенциите се крати или додава пари.

Ќе има пари за Скендербег, болници, гасификација…

Преку Агенцијата за вработување а со цел да се спроведат активните мерки за вработување со кои ќе бидат опфатени одредени категории невработени лица, со ребаланс се зголемува сумата на оваа потпрограма на ниво од 14,4 милиони евра.

За реформа во Агенцијата за катастар, планираната сума од 841 000 евра останува на исто ниво а кај средствата за геодетско катастарски информационен систем има праст на 1,5 милиони евра. На исто ниво од 2,1 милион евра остануваат средствата за рамномерен регионален развој преку Министерството за локална самоуправа а нема промена ниту во сумата на парите кои преку ова министерството се наменети за прекугранична соработка, во висина од 1 милион евра.

Преку Министерството за локална самоуправа, под чии ингеренции е плоштадот Скендербег, со ребалансот, сумата на пари за инвестициони активности за уредување на јавни површини, а со цел изградба на плоштад Скендербег, останува на ниво од 3,4 милиони евра, со што се смета дека овој проект треба да биде завршен годинава, со оглед на тоа што не се предвидени пари за буџетските 2018 и 2019 година.

Зголемување има кај средствата планирани за изградба на нов клинички центар во Скопје и Штип, за што до крајот на годинава треба да се потрошат 11 милиони евра.

„Програмата ќе опфати изградба на нов Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје во кој ќе бидат сместени најмалку 25 клиники и неколку институти, како и изградба на нова Клиничка болница во Штип. Овој значаен капитален проект во здравствениот сектор ќе ја поддржи континуираната реформа на здравствениот систем, во насока на унапредување, подобрување и одржување на здравјето на населението“, се наведува во преложението ребаланс на Буџетот.

Преку Министерството за здравство, незначително се намалуваат средствата за Пет центра, а не исто ниво од скоро 1,2 милиони евра остануваат средствата за клиничка болница Тетово, општа болница кКчево и кров на болница Гостивар. Значително се намлуваат парите за проектот “ Здравствена картичка“ за што новата влада испланира само две илјади евра наместо првичните – околу десет илајди евра. Преку Агенцијата за млади и спорт, за спортски објекти предвиден е буџет од скоро 5 милиони евра наместо првичните 5,4 милиони евра.

Преку Министерството за образование, за потпрограмата реконструкција на ученички домови сумата останува иста, на ниво од 81 300 евра додека за изградба и реконструкција на студентски домови таа е намалена на 2,7 милиони евра, со тоа што во следната година се зголемува на 4 милиони евра. Преку ова министерство намалување има и кај развојната потпрограма за изградба на училишни спортски сали во средни училишта и за реконструкција и иградба на средните училишта. Се намалуваат и средствата по овие основи и за основните училишта.

За проектот „Превод на книги од реномирани автори“ трошоците се намалени на 1,3 милиони евра а намалување има и кај потпрограма со која се опфатени активности поврзани со превод и печатење на 50 универзитетски учебници, кои се употребуваат на првите 10 рангирани универзитети согласно Шангајската листа.

Преку Министерството за труд и социјална политика за поттикнување на вработувањето се предвидени 226 000 евра, што претставува зголемување во однос на претходните проекции.

„Основна цел на оваа потпрограма е зголемувањето на вработеноста како врвен приоритет на Владата на РМ и најдобар начин за справување со сиромаштијата и социјалната исклученост. Во рамките на оваа програма планирани се средства за вработувања на децата без родители и родителска грижа“ – се наведува во предлог реблан на Буџетот.

Преку Министерството за транспорт, за развој на туристички развојни зони целосно се укинуваат средствата, како и за изградба на водовод и канализација во Визбегово. За инвестиции во железничката инфраструктура буџетот е намален на 16,1 милион евра. ЗА потпрограмата изградба на плажи средствата се преполовени на 650 000 евра. За клчниот прокет „гасификација“ сумата останува непроменета, за што годинава се испланирани 31,5 милион евра.

„Со оваа потпрограма опфатени се активности за изградба на Национален гасоводен систем во Република Македонија, по претходно изработена физибилити студија за гасоводен систем на Република Македонија со идеен проект и изработена проектна документација. Националниот гасоводен систем се финансира со средства од обврските на Руската Федерација кон Република Македонија, како и со заем од Дојче банка и Ерсте груп банка“ – посочува предлагачот на Буџетот.

Преку Министерството за внатрешни работи помалку пари с еодвојуваат за Реформи во полицијата за што ќе бидата наменети 7,8 милиони евра додека зголемување, меѓудругото има кај потпроектот за реконструкција и опремување на згради со што треба да се подобрат условите за работа на вработените во МВР, обезбедување на соодветна инфраструктура согласно европските стандарди и нивно материјално-техничко опремување. Кај Министерството за одбрана се зголмуваат средствата за Модернизација во МО на ниво од 300 000 евра.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост