АНАЛИЗА: Изолација и санкции – финален удар за економијата…

Од:

Моќната Холандија, претседавач со Европската унија ни прати порака: решение за кризата или изолација и санкции. Ова писмо што шефот на холандската дипломатија го испрати на адреса на лидерите на партиите – потписнички на договорот од Пржино, треба да се сфати со голема сериозност, оценуваат бизнисмените за неделната економска анализа на Порталб.мк. Во меѓувреме, Народната банка излезе со песимистичко сценарио, политичката криза ќе го стопи економскиот рст на 1,6%. 

Економијата на инфузија – бизнисот бара решенија!

Стопанството веќе се соочува со сериозни ликвидносни проблеми, а најавите за можна изолација на Македонија ќе бидат погубни за економијата – оценуваат дел од бизнисмените откако на адреса на четворицата политички лидери, Заев, Груевски, Ахмети и Тачи стаса писмо од Холандија со силна порака дека политичката криза мора да се разреши во пакет со отворените, а не решени пролблеми.

“Ако се оствари најцрното сценарио, евентуална изолација, политичка а со тоа и финансиска на земјава, тоа ќе биде погубно за економијата. Тогаш и песимистичкото сценарио на Народната банка за раст од 1,6% ќе ни се чини дека е оптимистичко. Имено, ние веќе ги добивме првите сигнали, односно изјави од амбасадорите дека е можно меѓународниот фактор да преземе потези кои ќе упатуваат на “изолација“. Овие пораки мора да се сфатат со сериозност“, коментираат дел од бизнисмените за Порталб.мк.

Ризикот од можна политичка и економска изолација на земјата не е пресметан во новите ревидирани прогнози за економски раст што ги објави Народната Банка. Имено, НБМ соопшти дека според основното сценарио економскиот раст ќе биде 3,5 отсто, но според песимистичкото, растот на БДП ќе изнесува 1,6%.

“Ваквата ситуација ќе влијае на инвеститорите, очекуваме пониски странски директни инвестиции и намалени домашни инвестиции. Исто така се очекуваат понеповолни движења на пазарот на труд, и секако ризици за финансирање на економијата. Сето ова доведува до последици како намалена кредитна активност, намалена извозна активност, помал економски раст, помалку креирање работни места“ – изјави гувернерот Димитар Богов.

Токму во  песимистичкото сценарио на НБМ, кое се базира на внатрешно-политичките ризици,  не е пресметан оној од можните санкции или  евентуална изолација на земјата.

Во писмото од шефот на холандската дипломатија меѓудругото се потенцира дека аболицијата мора итно да се повлече, на СЈО да им биде овзоможено до крај да си ја сработат работата и се потсетува дека нема минимум услови за кредибилни избори. Холандскиот министер Берт Кундер побара од лидерите итно да најдат излез од политичката криза во интерес на стабилноста на државата, во спротивно Македонија е под закана на санкции.

„Договорот од Пржино што го потпишаа сите лидери мора да се почитува и тоа е силна позиција на ЕУ. Ако пропадне Пржинскиот договор, Македонија ќе се соочи со сериозни последици и санкции.„Фер, демократски и кредибилни и фер избори се круцијалниот дел од Пржинскиот договор кој не смее да пропадне за демократската иднина на вашата земја и тие мора да се испорачаат без понатамошни одлагања“, пишува во писмото.

Дел од стопанствениците велат дека ова “црно“ сценарио на санкции би имало разорна сила на цунами, по кое земјата тешко ќе може да закрепне.

“Да потсетиме дека повеќе од две третини, или 77% од извозот што сме го оставриле лани, е со земјите-членки на ЕУ. Најголемите инвеститори во земјава доаѓаат исто така од Европската Унија. Во банкарскиот сектор доминираат европски банакрски бренодови. Наштите најголеми финасисери се меѓународните европски финансиски институции“, коментираат бизнисмените.

Сега, и без изолација, состојбата во стопанството не е поволна, фирмите се соочуваат со неликвидност при постоење само на внатрешно политичка криза, коментираат од Комората на северозападна Македонија.

“Стопанството се соочува со сериозни ликвидносни проблеми, а тоа најмногу го чуствуваат малите и средни фирми. Проблемите практично не се променети, ќе се соберат ненаплатени поабрувања и потоа со мака бизнисот се обидува да ги наплати. Дури и се бара припадност кон одредена политичка гарнитура, сеуште има наплата според овој приоритет“ – вели за Порталб.мк Мендерес Кучи од Комората на северозападна Македонија.

Дел од економистите веќе предупредија дека земјата влегува во зона на економска нестабилност.

“Последиците од постојната политичка криза веќе ги чувствуваме. Странските инвестиции се на многу ниско ниво, задолжувањето постојано расте. Политичката криза неминовно ќе  доведе до раст на каматните стапки, потоа негативно ќе се одрази на домашните инвестиции, до релативно намалување на домашната побарувачка, а сето тоа ќе доведе до зголемување на негативното салдо на тековната сметка, а со тоа и на салдото на билансот на плаќање, состојба која што лесно може да не доведе до позиција  на несолвентност“, вели за “Потралб“ универзитетскиот прфесор Сами Бислими.

За разрешница на политиката криза, која веќе го зема данокот и во економијата се вклучува специјалниот германски пратеник Јоханес Хајндл.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава