Амети: Поставувањето филтри единствено решение за проблемот со Југохром

Од:

Единственото решение за постоечкиот проблем во Југохром е поставувањето на филтрите со што ќе се сочува животната средина и здравјето на граѓаните, како и работните места на вработените, изјавил министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети на денената средба со претставници на синдикатот од Југохром Јегуновце на која дискутирале за нивните барања и предлози за решавање на судбината на овој индустриски капацитет.

– Во разговорот, министерот Амети пред претставниците на Синдикатот јасно го искажа својот став ниедно семејство да не остане без месечни приходи и ниеден вработен да не остане без работното место. Но од друга страна, министерот уште еднаш го потврди ставот дека единственото решение за постоечкиот проблем е поставувањето на филтерите со што ќе се сочува животната средина и здравјето на граѓаните, како и работните места на вработените во Југохром, стои во соопштението од Министерството.

Истовремено, се наведува, министерот изрази подготвеност да ја поддржи секоја иницијатива за обезбедување социјален пакет за вработените во Југохром.

Би можело да ве интересира

Од Југохром најавуваат дека е можно годинава да се догради системот за отпрашување

Ана Ололовска

Отров од Југохром истекува во Вардар, се чека тендер за поправка на пречистителната станица

Жарко Настоски

Заев: Југохром нема да биде ставен во употреба без доизградба на филтрите

Татјана Ташкова

Југохром не може да работи без филтри

Татјана Ташкова

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не мислеше на работниците од Југохром и ги остави без работа

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Арсовски: Година ипол СДСМ, Заев и Анѓушев лажат 1.200 работници на „Југохром“

Ана Ололовска