Американските милијардери пандемијата ги направи побогати за 565 милијарди долари

Од:

Додека на многу луѓе во светот пандемијата на коронавирусот им донесе финансиски проблеми, милијардерите во САД станаа уште побогати.

Според извештајот на еден американски институт, вкупното богатство на милијардерите во САД од 18 март до сега е зголемено за 565 милијарди долари и сега изнесува 3,5 трилиони долари, а сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос за нецели три месеци стана „потежок“ за 36,2 милијарди долари, јави Си-Ен-Ен.

Речиси 43 милиони Американци за време на пандемијата аплицирале за добивање парични средства за невработеност, а припадниците на пониско платените професии, особено во секторите патувања и услуги, се особено погодени од тековната криза.

Овие бројки го истакнуваат длабокиот јаз меѓу богатите и сиромашните, за кои Си-Ен-Ен вели дека ги поттикнуваат немирите низ САД, а експертите велат дека нееднаквоста во распределбата на богатството ќе стане уште поизразена како резултат на кризата.

Би можело да ве интересира

Вселенската компанија на Џеф Безос се подготвува да отпушти околу 1.400 луѓе

Горан Наумовски

ВИДЕО: Марк Цукерберг „фатен“ како гледа во деколтето на свршеницата на Џеф Безос

Предраг Петровиќ

Најбогатите луѓе по победата на Трамп побогати за уште 64 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот има имот од 233 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот изгуби над 10 милијарди евра за еден ден

Ана Ололовска

Некогаш ѕвезда на Арсенал, а сега милијардер: Дури 30 пати е побогат од Кристијано Роналдо