Албанија со најниска минимална плата во Европа

Од:

Според истражувањето на европската статистичка агенција Евростат, во Албанија до крајот на минатата година била исплатувана најниска минималната плата во Европа.

Износот на минималната плата до 31 декември изнесуваше 24 илјади леки или 210 евра.

Врз основа на одлуката на Владата од први јануари годинава минималната плата е повисока за две илјади леки и изнесува 26 илјади леки.

-Текстилната и чевларската индустрија во Албанија, кои работат главно за италијанскиот пазар, како и неколку други сектори во преработувачката индустријата, исплатуваат минимална плата. Поради тоа овие сектори во последно време се соочуваат со недостиг на работна сила, по емиграцијата на работниците во други земји за повисоки плати и подобр живот, констатира весникот Монитор.

По донесувањето на одлуката на крајот од декември, Владата посочи дека одлуката мора да ја почитува секое физичко и правно лице, без разлика дали станува збор за домашен или странски работодавец.

Платата е за 174 часови работа месечно.

Последното покачување на минималната плата во Албанија беше во мај 2017 година.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски