Албанија очекува инвестиции од 920 милиони долари во енергетиката

Од:

Во следните пет години јавните инвестиции во енергетскиот сектор во Албанија ќе достигнат 920 милиони долари, јави дописникот на МИА.

– Од вкупно планираниот износ, 420 милиони долари ќе бидат вложени во енергетската инфраструктура, додека 500 милиони долари во секторот за производство на електрична енергија, соопшти албанскиот министер за енергетика,Дамијан Ѓикнури.

Тој очекува во наредниот период поголема ангажираност, како на странски, така и на домашни инвеститори, посебно во изградбата на хидроцентрали.

Инвестирањето во овој сектор тој го побарал и од турските бизнисмени кои заедно со претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган во средата прстојуваа во Албанија, оценувајќи при тоа дека туското искуство во ова област и е неопходно за Тирана, која располага со голем воден потенцијал за изградба на хидроцентрали.

Ердоган за време на посетата на Тирана предводеше делегација од 120 турски бизнисмени и најави зголемување на турските инвестиции.

Турција е четвртиот економски партнер на Албанија, а турските инвестиции во земјата достигнуваат речиси 2,7 милијарди американски долари.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент