Албанија лани од туризам остварила 1,6 милијарди евра

Од:

Албанија лани од туризамот заработи 1,6 милјарди евра, што е досега највисок остварен приходи во туристичкиот сектор, соопшти албанската Централна банка.

Споредено со претходната 2015 година, остварените приходи од туризмот се за 13 отсто повисоки и на албанската економија и донеле 175 милиони евра повеќе.

– Станува збор за пари кои стански државјани, како и албански емиграти кои живат во други држави, ги трошат за време на престојот во Албанија во текот на одмор, бизнис патувања или други цели, стои во извештајот на Банката.

Туризмот е еден од секторите кој силно беше погоден од финансиската криза. По 2009-та, четири години по ред приходите бележеа пад, достигнувајќи до 1,1 милијарди евра во 2013 година. Но, во последните три години приходите од туризмот бележат постојан раст.

Се поголемиот интерес за Албанија на гобалниот туристички пазар ги зголемува финансиските приходи за економијата, со што туризмот станува водечки сектор во растот на албанската економија.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент