Албанија ќе добие од ЕУ неповратни средства во износ од 600 милиони евра

Од:

Парламентот на Албанија го ратификуваше договорот со ЕУ (Финансиски рамковен договор за партнерство), со кој Албанија ќе добие средства од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (IPAIII), јави дописничката на МИА од Тирана.

Оваа претпристапна помош ги поддржува земјите-кандидати за ЕУ ​​и потенцијалните кандидати во усвојувањето и спроведувањето на клучните политички, институционални, социјални и економски реформи за да бидат конзистентни со вредностите на ЕУ и постепено да се усогласуваат со правилата, стандардите и политиките на ЕУ.

Средствата кои се неповратни ќе бидат насочени кон низа сектори како што се реформите во правосудството, животната средина, енергијата, развојот на приватниот сектор, земјоделството, вработувањето и социјалната инклузија, доброто владеење и децентрализацијата, локалната власт и граѓанското општество“.

Амбасадорката Кристијане Хоман, шеф на делегацијата на ЕУ во Албанија, ја поздрави ратификацијата и оцени дека „отворањето на пристапните преговори летово беше историски момент во односите меѓу ЕУ и Албанија, но нашата врска отсекогаш била многу силна”.

– Со години, ЕУ е најголемиот поддржувач на реформите во Албанија, обезбедувајќи речиси 100 милиони евра годишно за програми во области како што се реформите во правосудството, земјоделството и многу други области кои влијаат на животот на албанските граѓани. Оваа ратификација го продолжува ова силно партнерство со нов и поголем пакет поддршка за помош на владата во процесот на проширување во наредните години, како и за подобрување на секојдневниот живот на Албанците, оцени Хоман.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески