Албанија извезува електрична енергија

Од:

Преполните акумулации на каскадата на реката Дрим, условија трите хидроелектрични централи да работат со полн капацитет, што пак доведе до зголемено производство на електрична енергија и нејзин извоз, јави дописникот на МИА од Тирана.

Албанската електрокорпорација КЕШ, продолжува со извоз на елекрична енергија, започнат во вторникот на полноќ.

Сега Албанија продава по 220 мегават часови електрична енергија. Продажбата односно извозот на електрична енергја е договорен за наредните две недели по цена од 36,5 евра по мегават час. Тоа значи дека КЕШ во наредните две недели има договорено продажба на струја вредна 2,5 милиони евра.

По завршувањето на овој договор, спорд раковостото на КЕШ, можно е потпишување на друг договор, но одлука за тоа ќе се донесе по согледување на количините на вода во акумулациите на каскадата на Дрим.

На касакдата фукционираат три ХЕЦ „Фиерза“, втора по големина на Балканот по онаа на Дунав, потоа ХЕЦ „Коман“ и „Вау те Дејес“ се главните снабдувачи на Албанија со електрична енергија. Дневната потрошувачка во зимскиот период во земјата е над 22 милиони киловат часови.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент