АКЕЛ ќе побара референдум и излегување на Кипар од еврозоната

Од:

Не е исклучено левичарската кипарска партија АКЕЛ да побара референдум за спогодбата, одобрена синоќа од Еврогрупата, за доделување спасувачка финансиска помош за островот, соопшти агенцијата АНА-МПА.

Еврогрупата синоќа на Кипар му одобри спасувачки пакет „тежок“ околу 10 милијарди евра.

Се очекува прашањето за оваа спогодба да се постави на утрешната вонредна седница на Централниот комитет на партијата. Генералниот секретар на АКЕЛ, Андрос Киприану, изјави дека на седницата ќе се разгледаат различни варијанти, а меѓу нив и таа за евентуално излегување на Кипар од еврозоната.

Киприану изјави дека неговата партија е незадоволна од „одмазничкиот и според него неоколонијален начин“, на кој Тројката меѓународни кредитори (ЕК, ЕЦБ и ММФ) се поставија кон Кипар.

Тој го критикуваше претседателот Никос Анастасиадис и владата за тоа дека го избрале патот за финансиска помош во овој критичен момент за народот и земјата.

АКЕЛ повикува да не се запаѓа во паника и да се покаже ладнокрвност и разум.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Кипар во „дупка“ од 2,24 милијарди евра поради пандемијата

Жарко Настоски

Прв смртен случај од Коид-19 на Северен Кипар

Светска банка: Доколку Кипар се обедини, доходите ќе се зголемат за седум отсто

Ана Ололовска

Грција, Кипар и Израел денеска во Атина ќе го потпишат договорот за гасоводот EastMed

Ана Ололовска