Агенција за храна: Од пазарот се повлекува небезбедна серија од млекото „Милкано“

Од:

Врз основа на добиен позитивен резултат за присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволени концентрации во млеко од брендот „Милкано“ увезено од Босна и Херцеговина, Агенцијата за храна и ветеринарство почна постапка за повлекување небезбеден производ од пазарот.

Станува збор за, како што велат, резултат добиен во рамки на мониторинг програмата за безбедност на храната, која покрај редовните и вонредните контроли, Агенцијата ја спроведува секоја година.

Од полиците се повлекуваат 20 тони од „УХТ ТРАЈНО МЛЕКО“, „Милкано“ 3,2%, увезено од Босна и Херцеговина кое во целокупната количина е пласирано на пазарот, поради утврдено присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволените количини од 0,05 микрограми на килограм, колку што е дозволено со нашите прописи.

Небезбедното млеко ќе се врати кај производителот доколку надлежните ветеринарни власти од Босна и Херцеговина го прифатат тоа, во спротивно, истото ќе биде уништено на депонијата Дрисла, најавија надлежните.

„Наредба за повлекување на небезбедниот производ од полиците е издадена и на операторот со храна, кој веќе ја информира јавноста за ова постапување. Ги информираме потрошувачите дека сите останати производи од овој бренд се безбедни, со исклучок на млекото со наведениот лот и рок на употреба. Потрошувачите кои имаат купено УХТ млеко од брендот „МИЛКАНО“ со наведениот лот и рок на употреба, апелираме истиот да не го употребуваат, односно да го вратат на местото каде што е купен. Секоја недоследност во однос на безбедноста на храната граѓаните можат да ја пријават лично до Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ, на бесплатната телефонска линија наменета за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на [email protected]“, велат од Агенцијата за храна.

Би можело да ве интересира

АХВ: Се повлекува чоколадото „милка орео“, во него е пронајдена пластика

Орце Костов

Нема веќе гарантирани цени, државата уште не го донела законот за контрола на трговците

Орце Костов

АХВ: На фејсбук страницата „Zeolit MK“ нелегално се продава „Zeo Medic“, производот не е одобрен и нема гаранција дека е безбеден

Повлечен од продажба небезбеден чипс од Косово

АХВ: Засилени контроли на рокот на производите во новогодишните пакетчиња

Орце Костов

Салмонела нема ниту во храната, изворот на заразата во училиштата во Карпош дополнително ќе се утврдува