Аеродромот во Атланта најпрометен во светот

Од:

Најпрометен аеродром во светот е Хартсфилд-Џексон во Атланта, со 104 милиони патници годишно.

Аеродромот во Атланта веќе неколку години е водечки по бројот на патници во светот, покажува најновото истражување за најпрометни аеродроми.

Втор е аеродромот во Пекинг, низ кој минатата година поминале 95,8 милиони патници, а трет тој во Дубаи со 88,2 милиона.

Според истажувањето, следи токискиот аеродром Ханеда со 85,4 милиони и аеродромот во Лос Анџелес со 84,6 милиони. Потоа се аеродромите во Чикаго и Лондон.

Во Европа најпрометен е Хитроу во Лондон со 78 милиони патници, што на светско ниво го става на седмото место.

Оваа состојба наскоро би можела да се смени бидејќи во светот се градат неколку мега аеродроми, како во Пекинг и Истанбул, кои ќе имаат капацитет да примат многу повеќе патници.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска