АЕК најави нов тендер за 4Г

Од:

 Агенцијата за електронски комуникации планира наскоро да распише нов тендер за користење на радиофреквенциите од страна на операторите за четвртата генерација мобилни телефони 4Г, со промена во тендерските услови.

– АЕК наскоро ќе распише нов тендер за што сме во комуникација со операторите и оптимист сум дека овој пат тендер ќе успее. Граѓаните од септември 2014 година ќе можат да ги користат бенефитите од новата генерација мобилни телефони која нуди одлични супериорни перформанси и со сите нови телефони што ќе се продаваат во Македонија се 4Г практично ќе можат да бидат искористено максимално перформансите во таа мрежа, изјави денеска директорот на АЕК Роберт Ордановски.

Ќе следи промена во тендерските услови која, појасни, ќе биде направена на начин да се извлечат максимално перформансите од фреквенциите што ќе се ослободат со дигитализацијата на радиодифузниот простор на 800 мегахерци.

– Можно е да ги комбинираме тие фреквенции со фреквенции од друг опсег за да добиеме подобри перформанси, што е и основното барање на операторите затоа што количината на спектарот што беше понудено претходно беше недоволно за нив да ги исполнат максималните перформанси, рече Ордановски.

Тој најави дека на 4-ти следниот месец во Брисел ќе се одржи состанок за иницијативата што АЕК ја поднесе до Европското регулаторно тело БЕРЕК за намалување на роаминг-цените за македонските граѓани. Разговорите ќе се водат со Генералниот директорат за комуникациски мрежни содржини и технологии при што треба да се создаде правна рамка за меѓународен роаминг за Македонија со Договорот за стабилизација и асоцијација. Очекувањата се цените на роамингот да се намалат за четири до шест пати.

Меѓу клучните проекти на АЕК од Стратегијата за развој на пазарот на електронски комуникации за периодот од 2012 до 2016 година, според Ордановски, е и драстичното намалување на цените во мобилната телефонија. Од 1 септември 2013 година големопродажните цени во мобилната телефонија ќе бидат намалени, односно ќе изнесуваат 1,2 денари. Со таквото драстично намалување на големопродажните цени се очекува и значително намалување на малопродажните цени.

Би можело да ве интересира

Анализа на АЕК: Недостиг на пазарна конкуренција во мобилната телефонија, влезот ограничен

Горан Наумовски

Грчка полиција уапси маж кој е осомничен за убиството на навивачот на АЕК

Горан Наумовски

АЕК за транспарентот „Косово е Албанија“: Ќе ги најдеме одговорните

(ВИДЕО) Нова снимка од Грција: Наводно се гледа моментот кога навивач на АЕК е избоден со нож

Мајката и вујкото на убиениот навивач на АЕК им се заблагодарија на играчите што го исфрлија Динамо

(ВИДЕО) Грците објавија нови снимки од последните моменти на убиениот навивач на АЕК