АД ЕСМ во јануари и февруари го зголеми производството за 50 отсто во споредба со истиот период лани

Од:

АД ЕСМ соопшти дека во првите два месеца од годинава во целост го исполнила планот за производство. Во капацитетите на компанијата се произведени вкупно 1 037 333 мегават часови електрична енергија што претставува зголемување во споредба со истиот период лани за 49,97 отсто, а споредено со 2021 година за 78,53 проценти.

– Зголеменото производство на електрична енергија во државните „Електрани на Северна Македонија“, овозможи „ЕСМ Продажба“ значително да ги намали набавките на струја на берзите. „ЕСМ Продажба“ која набавува електрична енергија за снабдување на болници, училишта, јавни комунални претпријатија, дел од производствените капацитети и останати договорни органи во државата, во првите два месеци од годинава набави само 14.980 мегават часови. За периодот 4-5 јануари „ЕСМ Продажба“ набави 7.300 мегават часови, а изминатиот викенд беа набавени 7.680 мегават часови електрична енергија, наведува АД ЕСМ.

Компанијата додава и дека во екот на грејната сезона ги има ставено во функција сите расположливи производствени капацитети со цел зголемување на домашното производство и успешно справување со енергетската криза.

– Рестрикции на струја и понатаму не се опција и АД ЕСМ е насочена кон овозможување на предуслови за стабилизирање или намалување на цената на струјата, се посочува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ЕСМ оствари добивка од 41 милион евра за 2022 година

Орце Костов

Васко Ковачевски си заминува од ЕСМ за да му се посвети на семејството, одлуката била донесена пред енергетската криза

Орце Костов

Васко Ковачевски поднесе оставка од функцијата директор на ЕСМ

Орце Костов

ЕСМ ќе врати средства во Буџетот што ќе се пренаменат за нови мерки за помош на граѓаните

РЕК Осломеј исклучен од мрежа

ЕСМ за март ќе набави гас од Макпетрол по цена од 60,10 евра