„АД ЕЛЕМ ја информира јавноста дека условите во тендерот за ископ на јаглен во РЕК Битола гласат ,,Економскиот оператор во последните 3 години да има извршено ископ на најмалку 900 илјади тони јаглен или 1 милион м3 јаловина (земјени или карпести маси) или руда”, било каков вид.
Доказ за тоа е документот приложен во овој меил, каде јасно се гледаат наведените услови.
Условите во тендерот овозможуваат поголема можност за пријавување на што повеќе економски оператори, а од друга страна, условите се и натаму доволно ригорозни да овозможат пријавување само на фирми кои имаат технички и кадровски капацитет и референци за изведување на одговорна задача, како што е ископот на јаглен во РЕК Битола, од што зависи стабилноста на производствениот процес на електрична енергија за потребите на Р.Македонија.
Сакаме да нагласиме дека ВМРО ДПМНЕ неколку дена и дава на јавноста неточни информации и лажни конструкции во врска со јавни набавки во РЕК Битола, кои се демантираат со документацијата која АД ЕЛЕМ и вчера и денеска ја става на увид на целата јавност и исто така на опозицијата“ се вели во соопштението на ЕЛЕМ.