АД ЕЛЕМ: Условите во тендерот се сменети заради поголема конкуренција, за да не се повтори ТРАНСМЕТ

Од:

„АД ЕЛЕМ ја информира јавноста дека условите во тендерот за ископ на јаглен во РЕК Битола гласат ,,Економскиот оператор во последните 3 години да има извршено ископ на најмалку 900 илјади тони јаглен или 1 милион м3 јаловина (земјени или карпести маси) или руда”, било каков вид.

Условите во тендерот се проширени за да овозможат што поголема конкуренција, но од друга страна, конкуренција само на сериозни фирми кои се способни да извршат задача како што е копање јаглен во рудниците на РЕК Битола, а од чиј навремен и квалитетен ископ зависи производството на електрична енергија за Р. Македонија.

Целта е да не се повтори случајот со ТРАНСМЕТ, кој доби тендер за ископ, а по три месеци се откажа бидејќи не беше технички способен да го врши ископот.

АД ЕЛЕМ одлучи да ги прошири условите во текот на тендерот, иако Државната комисија за жалби по јавни набавки сметаше дека нема потреба од тоа. Имено, Комисијата ја одби жалбата на една фирма која имаше забелешка на условите и донесе решение дека жалбата е неоснована.

Меѓутоа, АД ЕЛЕМ сепак ги прошири условите, но тие и натаму се доволно ригорозни и спречуваат пријавување на фирми кои не се технички и кадровски способни за извршување ископ од таков вид и обем, а од што зависи стабилноста на производството на електрична енергија за потребите на Р.Македонија.

Овде сакаме да нагласиме дека јагленот во РЕК Битола во следниот период ќе се откопува во услови на јагленова серија – од 4 слоја со меѓуслојна јаловија и сложени морфолошки услови. Ископот ќе бара спроведување на посебна технологија, и несоодветниот ископ може да создаде ризик од губење на квалитетот на јагленот, може да се предизвика намалување на неговата калорична вредност поради помешување со јаловината (земја), или да не се исполни предвидената динамика за ископ на јаглен, односно да не се обезбеди навремено доволно јаглен за потребите на производството на електрична енергија за потребите на Р.Македонија“ се вели во соопштението на ЕЛЕМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: По 400-те ново вработени во ЕЛЕМ, вчера за во МЕПСО, објава за 90 нови партиски вработувања

Горан Наумовски

Мицкоски: За да го земе Владата заемот за ЕЛЕМ треба да се затворат РЕК Битола и Осломеј и да се интегрира Македонија со грчкиот пазар, тоа е енергетска анексија

Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11.000.000 денари

Mицкоски: Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат минимум 10 проценти повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Николов: Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе ќе имавме 5-6 пати пониска производна цена на струјата

Ангелевска: ЕЛЕМ отпушта вработени, а пред месеци вработуваше и уште вработува преку агенции за привремени вработувања

Катерина Ѓуровски