АД ЕЛЕМ од 2012 до 2017 година за ископ на јаглен на надворешни фирми им исплатило 212 милиони евра

Од:

Претходното раководство на АД ЕЛЕМ во периодот од 2012 до 2017 година потрошило 212 милиони евра за ангажирање надворешни компании за ископ на јаглен и јаловина и за помошна механизација за транспорт, што придонело за 20 отсто да се зголеми регулираната цена на електричната енергија или за осум евра по мегават час, рече генералниот директор на компанјата Драган Миновски на денешната прес-конференција.

– За ископот на јаглен и јаловина од страна на надворешни ангажирани фирми во РЕК Битола од 2012 до 2017 година, заклучно со август годинава, платени се 161 милион евра. Во истиот период поради недостаток и неисправност на сопствената механизација во РЕК Битола и РЕК Осломеј ангажирана е надворешна помошна механизација за што се платени 46 милиони евра во РЕК Битола и пет милиони евра во РЕК Осломеј или вкупно околу 212 милиони евра. Вкупните трошоци за ископ на јаглен и јаловина и за помошна механизација влијаат врз регулираната цена на електричната енергија во просек со околу 20-тина отсто за периодот од 2012 до 2017 година или за осум евра по произведен мегават час, рече Миновски и додаде дека во моментов регулираната цена е 41 евра за мегават час.

Тој нагласи дека во периодот од 2000 до 2005 година за истата намена компанијата потрошила 38 милиони евра.

– За ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола од 2012 до 2017 година биле ангажирани само пет компании – Трансмет, Силекс неметали, Пелистер, Гранит и Марковски компани. Тие во одредени периоди учествуваат самостојно на тендерите, а во други случаи се јавуваат како конзорциум. Три од овие компании Трансмет, Пелистер и Марковски компани во РЕК Битола истовремено се ангажирани со помошна механизација, прецизира Миновски.

Најави дека за многу брзо време АД ЕЛЕМ планира да набави сопствена механизација за ископ и транспортна јаглен и јаловина што, како што рече, ќе доведе до намалување на трошоците. Согласно направената физибилити студија за целосна набавка на сопстена опрема потребни се 64 милиони евра од кои во првата фаза ќе се набави опрема за 24 милиони евра.

– Ова раководство наследи објавен тендер за ископ на јаглен и јаловина на кој беа пријавени шест компании од кои пет ги исполнуваат условите. На јавната аукција спроведена минатиот месец од новото раководство добиена е најниска цена досега од 44 денари за гигаџул ископан јаглен. Направените пресметки покажуваат дека доколку и во минатото цените биле на ова ниво заштедите би биле околу 77 милиони евра, потенцира Миновски.

За тендерот, посочи, се уште одлучува Државната комисија за жалби по јавни набавки и наскоро се очекува да се дознае исходот.

Одговарајќи на прашања Миновски прецизира дека веќе е завршен редовниот ремонт на Блок 2 во РЕК Битола, во тек е ремонтот на Блок 1 кој се очекува да заврши до 10 октомври, а потоа да почне ремонтот на Блокот 3 и да биде готов до почетокот на ноември со што компанијата успешно ќе ја дочека новата грејна сезона.

Со домаќинско работење, оптимално користење на производствените капацитети и заштеда на сите трошоци, а особено при производството на електричната енергија, компанијата, како што кажа, ќе се обиде да не предизвика поскапување на цената на струјата поради воведувањето на дневната евтина тарифа.

– Со нашето доаѓање постигнавме најниска цена за ископ на јаглен и јаловина. Ако биле предвидени 13 милиони евра за таа јавна набавка, сега доколку се реализира би чинела околу шест милиони евра, со што ќе има заштеди од седум милиони евра во тој дел. Понатаму би оделе и со други заштеди и производството во Осломеј да биде што е поголемо за термоелектраната да не биде само трошок, туку да произведе електрична енергија што ќе овозможи пооптимално работење на целиот електро-енергетски систем и на балансот на електрична енергија, рече Миновски.

Во август, како што кажа, немало продажба на вишоци на струја од старото раководство поради ниската постигната цена, но додаде дека нивните анализи покажуваат оти немало вишок на струја за да се изврши продажбата. Наскоро, како што кажа, ќе се знае што ќе се направи со теднерот за набавка на транспортни траки за РЕК Битола, дали целосно ќе се поништи или за секој лот поединечно. Најави дека компанијата насокоро ќе излезе со проект за намалување на загадувањето што го прави РЕК Битола во однос на отпепелувањето.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: По 400-те ново вработени во ЕЛЕМ, вчера за во МЕПСО, објава за 90 нови партиски вработувања

Горан Наумовски

Мицкоски: За да го земе Владата заемот за ЕЛЕМ треба да се затворат РЕК Битола и Осломеј и да се интегрира Македонија со грчкиот пазар, тоа е енергетска анексија

Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11.000.000 денари

Mицкоски: Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат минимум 10 проценти повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Николов: Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе ќе имавме 5-6 пати пониска производна цена на струјата

Ангелевска: ЕЛЕМ отпушта вработени, а пред месеци вработуваше и уште вработува преку агенции за привремени вработувања

Катерина Ѓуровски